Линкови за пристапност

Политички превирања со вештачка интелигенција и лажни вести во Турција 


Политички превирања со вештачка интелигенција и лажни вести во Турција 
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Политичките сојузници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сакаат да ја вратат контролата врз Истанбул, а опозициските медиуми предупредуваат за тактиките што ги користат, вклучувајќи вештачка интелигенција и лажни видеа во рекламите на кампањата. Известува Доријан Џонс од Истанбул.

Видео генерирано од вештачка интелигенција на кое актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу го фали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговите достигнувања во Истанбул кружи низ социјалните мрежи.

Анкетите покажуваат дека изборите во градот се во тесен натпревар, а независните медиуми предупредуваат на заканата од лажни вести, бидејќи главните медиуми кои се под владина контрола не ја потврдуваат автентичноста на видеата.

„Можете да направите лажни видеа и да ги објавувате како реклами. Тие видеата обично не се објавуваат на сајтовите за вести, но допираат до милиони луѓе како реклами. Кога ќе ги прашате луѓето дали Екрем Имамоглу навистина го кажал ова, тие велат „да, го направил“ затоа што тие луѓе веќе ги следат мејнстрим медиумите“, вели Хикмет Адал, новинар на Бианет.

За време на минатогодишните претседателски избори, Ердоган употреби видео на кое лажно се прикажува неговиот противкандидат Кемал со водачите на курдската сепаратистичка група ПКК, која се бори против турската влада.

Групите за права, предупредуваат дека турските независни медиуми се’ повеќе се соочуваат со уште една нова закана.

„Новото кривично дело дезинформации почна многу да се појавува во различни криминални истраги и гонење“, вели Јаман Акдениз од Асоцијацијата за слобода на говорот.

Прогонството на домашните медиуми според новиот таканаречен закон за дезинформации ги прави меѓународните извори на вести од суштинско значење за разоткривање на лажни вести.
Турските власти го блокираат пристапот на Интернет до странските вести како Дојче веле и Гласот на Америка, кои емитуваат програма на турски јазик. Овие портали се достапни само преку виртуелна приватна мрежа, што ја заобиколува забраната.

„Ограничувањето на пристапот до интернет стана еден вид игра за режимите и авторитарните влади. Ширум светот гледаме зголемување на употребата на вакви мрежи, особено во земји како оваа, како Турција“, објаснува Антонио Сесарано од организацијата Протон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG