Линкови за пристапност

Поделеност во САД за американската надворешна политика


Поделеност во САД за американската надворешна политика
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:47 0:00

Надворешната политика традиционално не е клучно прашање на изборите во САД. Меѓутоа, со удирањето на Трамп врз НАТО, поширокото прашање за улогата на Америка во светот ќе стане уште еден јаз меѓу гласачите.  Известува Патси Видакусвара.

Две години по руската инвазија на Украина, дојде изјава што ги шокираше сојузниците на НАТО од поранешниот претседател и веројатно републикански претседателски кандидат Доналд Трамп.

„Еден од претседателите на една голема земја стана и рече: „Господине, ако не платиме, а бидеме нападнати од Русија, ќе не заштитите? Реков: „Не платите? Дали сте деликвенти? Тој рече: 'Да. Да речеме дека такво нешто се случи.' Не, не би те заштитил. Всушност, би ги охрабрил да прават што сакаат“, истакна поранешниот претседател Трамп.

„Можете ли да замислите поранешен претседател на САД да го каже тоа?“, истакна Џо Бајден, актуелниот претседател на САД.

Претседателот Џо Бајден, кој зајакнувањето на коалициите против противниците го направи централен принцип на неговата надворешна политика, остро го критикуваше „трансакцискиот“ пристап на неговиот претходник.

„Ниту еден друг претседател во нашата историја никогаш не му се поклонил на руски диктатор. И дозволете ми да го кажам ова најјасно што можам: и никогаш нема. За волја на Бога, тоа е глупаво, срамно, опасно и е неамериканско“, истакна Бајден.

Бајден вели дека ја поддржува „светата посветеност“ според членот 5 на НАТО, кој бара од членките да си помагаат меѓусебно во случај на надворешен напад. Тоа е директен судир со Трамп, кој повторно се залага за неговиот бренд „Америка на прво место“.

Повиците на Трамп предизвикаа вознемиреност кај сојузниците.

„Оваа година очекувам 18 сојузници да потрошат 2 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана. Тоа е уште еден рекорден број и шесткратно зголемување од 2014 година, кога само тројца сојузници ја исполнија целта“, рече Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.

Високиот советник на кампањата на Трамп, Џејсон Милер, во изјава за Гласот на Америка рече дека Трамп „ги натера нашите сојузници да ги зголемат трошоците за НАТО барајќи од нив да платат“.
Друг сојузник на Трамп, пензионираниот армиски генерал-полковник Кит Келог, предложи „степена алијанса“, во која членовите што не успеаја да ја исполнат целта од 2 проценти за одбрана нема да бидат опфатени со заштитата од членот 5.

Други пак велат дека сигналите од Трамп и неговите сојузници го надминале изолационизмот и се во спротивност со „суштината на одвраќање“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG