Линкови за пристапност

Поддржани од Врховниот суд, властите во Калифорнија ги бркаат бездомниците


Поддржани од Врховниот суд, властите во Калифорнија ги бркаат бездомниците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Одлуката на Врховниот суд на САД им дозволи на властите ширум земјата да казнуваат и апсат луѓе кои спијат на улица. Тоа води до масовно чистење на камповите за бездомници во многу градови во Калифорнија, вклучувајќи го и Лос Анџелес. Известува Генија Дулот.

Генералот Догон вели дека се борел со зависноста од дрога и отслужил долга затворска казна пред да заврши во шатор овде, во центарот на Лос Анџелес. Тој вели дека е срамота што Врховниот суд на САД им дозволува на градовите да им забрануваат на луѓето да спијат на јавни места.

„На луѓето постојано им велам дека ако нема каде да одиме тогаш нема што да правиме. Не ме засега што велат во Врховниот суд“, вели Догон.

Околу еден месец по одлуката на Врховниот суд во јуни со која се овластени државите да апсат бездомници, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, им нареди на државните агенции да ги расчистат улиците. Тоа е сурово, вели Пит Вајт, извршен директор на мрежата за акција на заедница во Лос Анџелес.

„Тоа е некаква декларација во која се вели дека „нема помош а вас. Нема место за вас во гостилница. Подготвени сме да инвестираме повеќе во полиција отколку во домување“, вели Вајт.

Сојузот за спасувачка мисија им служи на бездомните популации во областа веќе 130 години. Привремениот претседател на мисијата Џеф Хадсон ја поддржува одлуката на Врховниот суд.

„Одлуката е логична меѓу балансирање на правата на поединците да имаат отворени продавници, да имаат отворени бизниси и правата на поединците да имаат домување и засолниште. Врховниот суд е на страната на поединците кои сакаат да отворат бизниси и сакаат да се занимаваат со бизнис и сакаат да ги користат тротоарите“, вели Хадсон.

Хадсон додава дека предизвикот е да се најде засолниште за околу 70 000 бездомници во градот.

Џоди Коб била бездомничка десет години. Денес е програмски асистент во Сојуз за спасувачка мисија. Таа вели дека со земањето тешки дроги не можела да ги донесе вистинските одлуки, а нејзиното насилно отстранување од улица на крајот и помогнало.

„Бев сместена во ментални установи, по наредба на суд. Бев во рехабилитација, исто така по судска наредба. Дури и да не сакав да го правам тоа, погледнете ме сега. Бев на психијатрија каде ми кажаа дека повеќе никогаш нема да работам“, вели Коб.

Од акцијата на гувернерот, Лос Анџелес пријави пад од 10% на луѓето што спијат надвор. Сан Франциско, надалеку познат по своето бездомно население, по децении ги гледа првите чисти тротоари. Бездомните активисти велат дека и покрај тие статистики, бројот на луѓе на кои им е потребна помош е ист; тие се само помалку видливи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG