Линкови за пристапност

По пристигнувањето во Њујорк не запира битката за опстанок кај мигрантите од Западна Африка


Мигрантската криза во Њујорк, која започна пред речиси две години со прилив на Венецуелци и други Латиноамериканци, забележа тројно зголемување на бројот на мигранти од западноафриканските нации само во изминатата година. Од Њујорк известува Арон Ранен.

Во њујоршката населба Харлем, група мигранти од Западна Африка се собираат во блискиот ресторан за да уживаат во традиционалните африкански јадења. Оваа енклава, позната како „Малиот Сенегал“, топло ги прима овие новодојденци, од кои многумина се соочиле со напорни патувања и криминални банди за да стигнат до САД.

Во нивната потрага по американскиот сон, овие мигранти се заробени во политичкиот момент во САД, особено со агресивниот став на поранешниот претседател Доналд Трамп против мигрантите кои илегално дошле во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG