Линкови за пристапност

Пенс: Мулер треба да заврши со истрагата за Русија


Потпретседателот на САД вели дека период од една година е доволен за да се спроведе истрага за руското мешање во претседателските избори во 2016-та година

Американскиот потпретседател Мајк Пенс кажа дека е време специјалниот советник Роберт Мулер да ја заврши истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД, и за тоа дали претседателот Доналд Трамп ја попречувал правдата со обид да ја попречи истрагата.

Пенс за „Ен-Би-Си“ изјави: „Заради интересите на нашата држава, време е истрагата да заврши.“

Засега не постои индикација дека Мулер е близу до завршувањето на едногодишната истрага. Неговиот правен тим преговара со адвокатите на Трамп околу тоа дали претседателот ќе разговора со специјалниот советник и под кои услови. Кои ќе бидат темите за кои ќе се разговара и дали Трамп ќе сведочи под заклетва.

Ако не постигнат договор, Мулер сугерираше дека може да го повика Трамп да сведочи под заклетва пред голема порота. Ваквиот акт може да предизвика правен спор за тоа дали актуелен претседател може да биде задолжен да сведочи, одлука која ќе мора да ја донесе Врховниот суд.

„Помина околу една година од почетокот на истрагата“ рече Пенс. „Нашата администрација обезбеди повеќе од еден милион документи. Ние целосно соработувавме со неа“

Пенс додаде: „Со голема почит го охрабрувам специјалниот советник и неговиот тим да ја завршат својата работа“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG