Линкови за пристапност

Трамп: Коми е „недоверлив и лигав“


Претседателот смета дека поранешниот директор на ФБИ, треба да биде кривично гонет за протекување доверливи информации

Претседателот на САД Доналд Трамп, жестоко го критикуваше поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, со зборовите „неискрен и одбивен“ и рече дека му преставувало „голема чест“ да го отпушти од функцијата.

Жестоката критика на Трамп доаѓа по најавата на Коми дека ќе ја промовира неговата книга „Висока лојалност: вистината, лагите и лидерството“, веќе следната недела.

Мемоарите се темелен преглед на комотниот однос на Коми со претседателот на САД. Поранешниот прв човек на ФБИ во книгата го обвинува претседателот Трамп за мешање во независноста на работата на aгенцијата.

„Џејмс Коми е докажан лажго. Практично, сметаше дека секој во Вашингтон треба да биде отпуштен за ужасната работа што ја направи – се` додека тој всушност не беше отпуштен“, вели Трамп во порака на Твитер. „Тој придонесе за протекување доверливи информации, за кои треба да биде кривично гонет. Лажеше и пред Конгресот, а беше под заклетва“, објави претседателот преку социјалните медиуми.

Според претседателот, Коми е „недоверлив и лигав“ и како што времето минувало, се покажал како „ужасен директор на ФБИ“. „Неговото справување со случајот за корумпираната Хилари Клинтон и настаните околу неа, ќе останат запаметени како најлош случај во историјата на САД, додаде претседателот Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG