Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, сега е дел од правниот тим на претседателот Доналд Трамп, којшто се занимава со тековната истрага на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во изборите во САД во 2016-та.
Џулијани, кој исто така е поранешен федерален обвинител, за „Вашингтон пост“изјави дека ја презел работата, бидејќи се надева дека тој може да преговара за ставање крај на истрагата, за доброто на земјата, но и поради тоа што високо ги почитува претседателот и Боб Мулер.
Џулијани додаде дека ќе работи заедно со актуелните адвокати на Трамп, Џеј Секулов и Тај Коб.
Facebook Forum