Линкови за пристапност

Сенатски панел усвои предлог закон за заштита на Мулер


Комисијата за правосудство на Сенатот усвои двопартиски предлог закон со кој се штити специјалниот советник кој во моментов го истражува руското мешање во американските избори во 2016-та година.

Предлог законот кој беше одобрен од 14 наспроти 7 гласови ги регулира прописите на Одделот за правда, и во него се наведува дека специјалниот советник може да биде отпуштен од страна на јавниот обвинител само заради „несоодветно однесување, занемарување на должноста, неспособност, конфликт на интереси или друга издржана причина“.

Предлог законот обезбедува дополнителна заштита за канцеларијата на специјалниот советник, Роберт Мулер, овозможувајќи му тој да може да побара забрзан судски процес и од него се бара да известува пред Конгресот, наместо пред главниот правобранител за неговите наоди по завршување на истрагата.

Законот беше предложен пред две недели од страна на двајца демократски и двајца републикански сенатори, по критиката на претседателот Доналд Трамп за упадот на ФБИ во домот и канцеларија на неговиот личен адвокат, и по зголемувањето на стравувањата дека Трамп може да го отпушти Мулер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG