Пем Бонди е најпозна како првата жена јавен обвинител на Флорида, матичната држава на Мар-а-Лаго, која е дом на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Еве што изјави Бонди на Гласот на Америка во 2012 година кога првпат беше избрана.
„Сè што сакам да бидам е јавен обвинител, тоа е тоа. На тоа сум фокусирана. Јас сум многу посветена, обвинителка сум“, истакна Бонди.
Бонди зборуваше на Националната конвенција на Републиканците во 2016 година, кога Доналд Трамп беше претседателски кандидат на партијата, три месеци пред тој првпат да ја добие претседателската функција.
Како верен лојалист, Бонди ја поддржа лажната идеја дека Трамп победи на изборите во 2020 година. Таа беше и во правниот тим на Трамп за време на неговото прво судење за импичмент.
Заедно со другите републиканци, Бонди зборуваше за поддршка на новоизбраниот претседател на негово судење во Њујорк, кога беше прогласен за виновен за 34 кривични дела.
На почетокот на декември, Бонди беше на Капитол Хил, лобирајќи кај законодавците пред нејзиното сослушување за потврда во Сенатот за јавен обвинител.
„Сакам да се погрижам да го вратиме угледот на овие агенции, овие оддели како ФБИ и Одделот за правда и разузнавачката заедница, дека ќе им ја вратиме репутацијата како неполитички институции“, вели вели републиканскиот сенатор Џон Корнин.
Аналитичарите велат дека нејзиниот недостиг на независност од Белата куќа е валидна тема за загриженост.
„Ќе има моменти, мислам дека тоа е апсолутна сигурност со оглед на степенот до кој г-дин Трамп се обидува да го надмине лимитот на толку многу правни фронтови, каде што лојалноста кон законот и лојалноста кон Трамп ќе бидат во конфликт, и тоа ќе биде пресудно со кое треба да се справи Пем Бонди“, смета Џејмс Семпл, аналитичар.
„Еден од нејзините конфликти е тоа што во 2013 година нејзината канцеларија одлучи официјално да не ги истражува тврдењата за измама во врска со Универзитетот Трамп“, посочува Клер Финкелстин од Универзитетот на Пенсилванија.
Но, комисијата за етика на Флорида не најде прекршување од нејзина страна.
„Некој кој отсекогаш бил таму, поранешен јавен обвинител на Флорида... патем може да има сè што ќе посака“, истакна Трамп.
Бонди моментално е со Балард Партнерс, компанија за лобирање во Вашингтон. Аналитичарите велат дека сенаторите ќе прашаат и за нејзините клиенти од висок профил кои би можеле да бидат тужители пред неа како државен обвинител.
Facebook Forum