Линкови за пристапност

Париз ги дотерува сиромашните квартови во пресрет на олимпијадата


Париз ги дотерува сиромашните квартови во пресрет на олимпијадата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Со децении, етнички мешаниот, работнички кварт на Сена-Сент Дени надвор од Париз се соочува со голем број негативни стереотипи. Многумина се надеваат дека градежните проекти на Олимпијадата кои сега се во тек ќе го надминат урбаното дотерување и ќе донесат трајни промени. Известува Лиза Брајант.

Деновиве Сент Дени изгледа како едно големо градилиште. Во тек се проекти да се зазелени градот, да се воведе нов јавен превоз поради Олимпијадата во Париз.
Минатата недела, претседателот Емануел Макрон го инаугурираше новото Oлимписко село што е распространето низ Сент Дени и две други приградски населби лоцирани на неколку километри од француската престолнина.

На локацијата ќе бидат сместени околу 23.000 олимписки и параолимписки спортисти за време на двата настани и вклучува ресторан и фитнес центар.

„Ќе биде уникатно. Олимпиското село, поврзано со пешачки мостови, олимписки базен и некои клучни и масивни урбани проекти“, раскажува Метју Ханотин, Градоначлник на Сент Дени.

По Игрите, властите велат дека еко-селото ќе биде претворено во јавни и приватни станови и канцеларии, наменети за жителите со ниски приходи, студенти и професионалци.

Новиот Центар за пливачки настани на Сент Дени подоцна ќе биде отворен за јавноста - во област каде шест од 10 деца не знаат да пливаат.

Предградието Сена-Сен Дени е познато како најсиромашниот дел во Франција. Се поврзува, правично или не, - со криминал и немири.
Досега, главните атракции на Сен Дени беа фудбалскиот стадион и Базиликата од 12 век.

Проектите на Олимпијадата вработија илјадници локални жители. Градоначалникот Ханотин се надева дека Игрите ќе привлечат повеќе проекти и инвестиции.

„Не мислам дека Игрите ќе променат сè. Но, за град како нашиот, тие се фантастична можност - работите да се менуваат побрзо и подобро и претставува нов почеток за Сент Дени“, вели Ханотин.

Други, пак се загрижени за сообраќајниот метеж. Некои критичари тврдат дека Игрите нема да бидат еколошки, и прифатливи за сите, како што ветуваат властите.

„Гледаме многу иселувања на бездомници или луѓе кои живеат во сиромашни квартови од сите локации на Олимпијадата, но и низ целиот Париз. Се прави обид да ја одложат и направат невидлива сета сиромаштија што ја имаме во Париз“, посочува Антоан де Клерк, аналитичар.

Властите ги негираат обвинувањата за таканареченото „социјално чистење“ и велат дека организираат доброволно згрижување за бездомниците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG