Американската администрација денеска во Скопје непосредно го пренесе задоволството од петочното гласање со кое се овозможи старт на уставните измени. Заменикот-помошник државен секретар Метју Палмер честиташе за чекорот напред и увери дека Вашингтон ќе биде тука за да обезбеди целосно заокружување на Договорот од Преспа.
Тој не се сретна со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, но според информациитре на Гласот на Америка разговарал со опозициските пратеници кои го поддржаа почетокот на процесот на уставни измени. Палмер, не се виде ниту со претседателот Иванов:
„САД силно го поддржуваат Договорт од Преспа, сметаме дека неговото целосно имплементирање е суштинско за македонија да ја исцрта својата европска иднина. Тоа ние го поддржуваме, тоа го поддржува и македонската јавност. ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа го поддржува. Задоволни сме од исходот од петочното гласање и имаме намера блиску да работиме со владата и со оние пратеници кои гласаа „за“ за да обезбедиме целосно да се имплементира договорот“. изјави заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер
Премиерот на Македонија Зоран Заев на заедничката прес конференција со Палмер кажа:
„Гласот на пратениците е глас против нови кризи. Сите наши сојузници ја покажаа државничката одоговорност на пратениците. Да почнеме да ги испишуваме идните настани со политичко помирување, простување и обединување. Тоа сега ни е потребно“ рече Заев.
Facebook Forum