Линкови за пристапност

Палмер ја реафирмира американската поддршката за Македонија


Палмер ја реафирмира американската поддршката за Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:30 0:00

Кусиот престој во Скопје на вршителот на должноста заменик-помошник државен секретар е дел од неговата регионална турнеја.

Заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер се сретна со премиерот Заев – ја реафирмирал поддршката на Вашингтон за процесите за интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Исто така, како што соопштуваат од владината прес-служба, високиот претставник на Стејт департментот ја пренел поддршката на американската администрација и за Македонија и за Грција за да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името.

Палмер имаше состанок и со шефот на државата кој изразил очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија - интеграцијата во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ, добрососедските односи и регионалната соработка.

На состанокот се разговарало и за процесот за името за што Иванов пренел дека Македонија ќе продолжи конструктивно да учествува во разговорите, но дека процесот мора да остане во рамката утврдена од Обединетите нации.

Присуството на Палмер во Скопје доаѓа во период на интензивни дипломатски активности за конечно надминување на спорот за името и е во пресрет на новата рунда македонско-грчки разговори на министерско ниво што стартуваат утре во Њујорк и кои ќе финишираат в петок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG