Линкови за пристапност

Метју Палмер во Скопје, поддршка од САД да продолжи имплементацијата на договорот од Преспа


Метју Палмер, заменикот-помошник државен секретар на САД е денеска во Скопје, на средби со владиниот и партискиот врв во Македонија. Пораката што тој ја носи е поддршка од Вашингтон за продолжување на имплементацијата на Договорот од Преспа.

Тој, според информациите на „Гласот на Америка“, го пренел задоволството на американската администрација од успешното гласање во парламентот за пристапување кон уставни измени – клучниот елемент на Договорот за името.

На средбата во министерството за надворешни работи, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изразил благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Македонија.

Палмер, на средбата со лидерот на ДУИ, пак, добил уверување дека ќе продолжат напорите за постигнување на потребната поддршка во Собранието за финализирање на Договорот од Преспа.

Во текот на денот високиот претставник на Стејт департментот ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, а предвидени се состаноци и со претставници на опозицијата.

XS
SM
MD
LG