Линкови за пристапност

Пад на цените на недвижностите во Кина во ек на економски тензии со САД


Пад на цените на недвижностите во Кина во ек на економски тензии со САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Кина ја постави својата цел за економски раст на 5 отсто. Таа бројка е непроменета од минатата година, и покрај зголемените економски предизвици, вклучително и ескалацијата на трговските тензии со САД. Известува Бил Гало од Сеул.

На најголемиот годишен политички собир во Кина, слика на доверба и покрај растечките економски предизвици.вПремиерот Ли Чијанг постави цел за овогодинешниот раст на околу 5% - една од најбрзите во светот.

„(Оваа цел) е поддржана од потенцијалот за економски раст и поволни услови“.

Но, зад оптимизмот, Кина се соочува со големи предизвици. Долготрајната криза со недвижностите остави пад на цените на куќите и празни згради. И сега, новите американски царини го погодуваат извозот на Кина, додавајќи поголем притисок.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги удвои царините за Кина во споредба со неговиот прв мандат. На обраќањето во Конгресот тој не покажа знаци на повлекување.

„Другите земји користеа царини против нас со децении, а сега е наш ред да почнеме да ги користиме против другите земји“, рече Трамп.

Оваа недела, Кина воведе царини за американските земјоделски производи, но аналитичарите го оценија одговорот како воздржан.

„Иако царините на Трамп беа сеопфатни, на НР Кина беа многу поселективни и насочени кон одредени индустрии и активности, специфични производи“, вели Дејвид Гудман од Универзитетот на Сиднеј.

За да ги издржи царините, Кина се обиде да ѝ даде приоритет на бавната домашна потрошувачка - но нејзината економија сè уште е ранлива.

„Во Кина сè уште има хиперпродукција, така што извозот сè уште им е потребен на многу компании. Царините наметнати од администрацијата на Трамп ќе имаат влијание“, посочува Жан-Пјер Кабестан, аналитичар.

Колку добро Пекинг ќе се справи со овие предизвици ќе покаже дали неговата доверба се совпаѓа со реалноста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG