Во Струга, со палење на фестивалскиот оган, и рецитирање на антологиската песна Т’га за југ од Константин Миладинов, на неколку јазици, беше означен почетокот на 63-то издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Поетската порака од име на поетите ја прочита истакнатиот македонски поет, Веле Смилевски. Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“. Чествувајќи ја 200-годишнината од кодифицирањето на Брајовото писмо, за првпат пат песната Т’га за југ“, беше прочитана од лицето со оштетен вид Беира Салифоска со помош на Брајовото писмо. Вечерта продолжи со поетското читање „Меридијани“, каде поезија читаа дел од поетите учесници. На најпрестижната поетска манифестација ќе настапат 25 странски поети, и десеттина домашни. Добитник годинава на наградата „Златен венец“ е францускиот поет, Жан Пјер Симеон.
Отворено 63-то издание на Струшките вечери на поезијата
Отворено 63-то издание на Струшките вечери на поезијата. Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“. На најпрестижната поетска манифестација ќе настапат 25 странски поети, и 10-тина домашни. Добитник на наградата „Златен венец“ е францускиот поет, Жан Пјер Симеон. Автор: Мики Трајковски
Епизоди
-
февруари 10, 2025
Уништени илјадници домови на раселените Палестинци во Газа
-
февруари 09, 2025
Украински организации бараат нови извори за финансирање
-
февруари 09, 2025
Приказната на македонската железница почнува тука
-
февруари 08, 2025
Жителите на Гренланд преферираат целосна независност
-
февруари 08, 2025
Можна е депортација на 30.000 илегални мигранти од САД во Гвантанамо
Facebook Forum