Останува на банките да одлучат дали ќе го прифатат апелот на премиерот Христијан Мицкоски и ќе се откажат од банкарските трошоци при распределбата на 250 милиони евра од унгарскиот кредит за бизнисот и ќе останат на ставот дека и тие ќе бараат 3,25 отсто камата на име на банкарски трошоци, пари кои што ќе мора да бидат платени од Буџетот, односно од џебот на граѓаните. . Министерката за финансии Димитриеска - Кочоска соопшти дека поради ризикот кој го преземаат банките и во случај да се појави ризичен кредит инсистирале каматата да ја покрие државата и од Владата се согласиле, односно дополнителните 3,25 отсто да бидат покриени од Буџетот и парите на граѓаните. Димитриеска во интервју за „360 степени“ откри дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија но не откри која.
Општествена одговорност или профит, дали граѓаните ќе ја плаќаат каматата за кредитите на стопанството
Епизоди
-
декември 13, 2024
Германски предновогодишен базар во Охрид
-
декември 13, 2024
Еколошки товарен брод со нова технологија
-
декември 12, 2024
Артан Груби се повлекува од јавноста
Facebook Forum