Линкови за пристапност

Олдтајмери од марката Цитроен продефилираа во Охрид


Олдтајмери од марката Цитроен продефилираа во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Олдтајмери од марката Цитроен ги поврзуваат луѓето од Вардар па до Триглав. Педесетина сопственици на олдтајмери допатуваа во Охрид, за да споделат искуства, да разменат делови и да уживаат во дружењето. Автор: Мики Трајковски

„Можам да порачам дека луѓето меѓу себе многу добро соработуваат, преку автомобилите и тоа треба уште повеќе да го промовираме“, вели Ехат Орешка, сопственик на олдтајмери.

Ехат Орешка од Призрен, беше меѓу педесетината сопственици на олдтајмери, од марката Цитроен, спачек 2ЦВ, кои се собраа во Охрид, на заедничко дружење. Од сите страни на поранешна Југославија, од Вардар па до Триглав, некои од нив пропатуваа долг пат за да стасат до Охрид, каде ги изложија своите автомобили. Оној со кој дојде Ехат е од 1982 година.

„Со овие автомобили ја имаме поминато цела Европа. И сега поминавме повеќе од 2000-3000 километри во еден правец. Размислуваме да одиме и на собирот наредната година, кој ќе биде во Словенија за да ја претставиме нашата култура, нашите автомобили и нашата држава“, додаде Орешка.

Велат дека не е тешко одржувањето на овие автомобили и оти љубовта кон нив е поголема од се.

Во земјава се поголем е бројот на вљубеници на олдтајмери, а од клубот Цитроен 2 ЦВ, велат дека досега учествувале и на 8 светски собири за овој вид на автомобили. Го напуштија Охрид, каде прв пат престојуваа, со најава дека повторно ќе дојдат. А следна нивна дестинација е Бачка Топола на собир на олдтајмери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG