Во предворјето на црквата Света Софија во Охрид ќе се одржат дел од настаните на годинешното 64 издание на фестивалот Охридско лето. На Античкиот театар и годинава повторно ќе биде отварањето на фестивалот со настапот на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин.
Охридско лето, најавена богата музичка и драмска програма
Охрид и годинава 40 дена ќе пулсира во духот на фестивалот. Фестивалот Охридско лето почнува на 12 јули, а завршува на 20 август. Ќе настапат повеќе од 500 уметници од 24 држави од целиот свет. Деталите ги има дописникот од Охрид на Гласот на Америка на македонски јазик Мики Трајковски.
Епизоди
-
декември 15, 2024Руската опозиција се обидува да се обедини во егзил
-
декември 14, 2024Интервју: Методи Хаџи Јанев, професор и експерт за безбедносни политики
-
декември 13, 2024Германски предновогодишен базар во Охрид
-
декември 13, 2024Еколошки товарен брод со нова технологија
Facebook Forum