Линкови за пристапност

Одделот за домашна безбедност на САД отвори истрага во Тајната служба


Aгенцијата соопшти дека целта на истрагата е „да се оцени процесот на Тајната служба на САД (Тајната служба) за обезбедување на настанот на кампањата на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“
Aгенцијата соопшти дека целта на истрагата е „да се оцени процесот на Тајната служба на САД (Тајната служба) за обезбедување на настанот на кампањата на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“

Генералниот инспектор на Одделот за домашна безбедност денес отворил истрага за начинот на кој Тајната служба се справувала со безбедноста на поранешниот претседател Доналд Трамп на денот кога вооружен маж се обиде да го убие на собир во Пенсилванија.

Во краткото известување објавено на веб-страницата на генералниот инспектор, агенцијата соопшти дека целта на истрагата е „да се оцени процесот на Тајната служба на САД (Тајната служба) за обезбедување на настанот на кампањата на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“.

Не беше соопштен датум кога е започната истрагата.

Известувањето е меѓу долгата листа на тековни случаи што канцеларијата на генералниот инспектор ги води.

Претседателот Џо Бајден веќе нареди независен преглед на безбедноста на митингот.

Пукањето покрена прашања за тоа како напаѓачот можел да се качи на покрив со јасен поглед кон поранешниот претседател, кој рече дека бил застрелан во увото.

20-годишниот Томас Метју Крукс, успеал да стигне на 135 метри од бината на која зборуваше поранешниот републикански претседател, кога почнал да пука.

Тоа е покрај заканата по животот на Трамп од Иран што доведе до дополнителна безбедност за поранешниот претседател во деновите пред саботниот митинг. Трамп брзо беше симнат од бината од агенти на Тајната служба, а снајперисти на агенцијата го убиле стрелецот.

Трамп рече дека горниот дел од десното уво му бил по0годен при пукањето. Еден од учесниците на собирот е убиен, а двајца други тешко ранети.

Директорката на Тајната служба Ким Читл рече дека агенцијата ја разбира важноста на истрагата наредена од Бајден, и дека целосно ќе учествува во неа, како и со конгресните комисии кои го разгледуваат пукањето.

Таа рече дека агенцијата работи на тоа да разбере како се случило пукањето во саботата и да осигура дека нешто слично никогаш повеќе нема да се повтори.

Агенцијата со околу 7.800 вработени е одговорна за заштита на претседателите, потпретседателите, нивните семејства, поранешните претседатели, нивните сопружници и нивните малолетни деца на возраст под 16 години, како и на неколку други високи владини функционери, како што е секретарот за домашна безбедност.

Поврзано

XS
SM
MD
LG