Линкови за пристапност

Од Тејлор Свифт до Хулк Хоган, како политичката наклонетост на познатите влијае врз гласачите во САД?


Од поп-ѕвездата Тејлор Свифт до поранешниот борач Халк Хоган, поддршката од познатите личности ја има и на годинешната претседателска трка во САД. Но, дали тие ќе влијаат врз изборите, тешко е да се предвиди. Известува Вероника Балдерас Иглесијас. 

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт е добредојдена ширум светот поради нејзината музика. Повеќето нејзини фанови, исто така, го поздравија нејзиниот избор за претседател.

На 10 септември, Свифт излезе на Инстаграм за да ја поддржи потпретседателката Камала Харис да биде следниот претседател на САД, опишувајќи ја како, цитирам „смирен и талентиран лидер“.

Фанот на Свифт, Џеслин Каур, е претседавачка со Колеџ на демократите на Универзитетот Маркет во Висконсин. Како млад гласач, таа го поздрави потегот на пејачката.

„Не мислам дека тоа нужно ќе ги промени мислењето на гласачите. Сепак, мислам дека тоа всушност ќе ги мобилизира помладите гласачи да излезат да гласаат и да излезат и да гласаат за демократи“, вели Каур.

Обраќајќи се на различни демографски заедници, легендарниот музичар Брус Спрингстин неодамна објави видео на социјалните мрежи во кое исто така го одобрува демократското гласачко ливче.

„Камала Харис и Тим Волц се посветени на визијата за оваа земја која ги почитува и ги вклучува сите, без разлика на класа, религија, раса, политичка гледна точка или сексуален идентитет“, истакна Спрингстин.

Поддршката од конзервативни познати личности, исто така, е голема. На Републиканската национална конвенција во јули, легендата на борењето Халк Хоган ја искина својата кошула, изразувајќи целосна поддршка за поранешниот претседател Доналд Трамп.

„Нека страста за Трамп биде без контрола, брат, нека владее повторно, нека ја направи Америка повторно голема“, истакна Хоган.

Пејачот на кантри музиката Кид Рок, кој настапуваше на Републиканската национална конвенција , ги поддржа сите претседателски кандидатури на Трамп.

„Господ да го благослови Доналд Трамп и Америка“, рече пејачот Кид Рок.

Дури и кога поддршката од познатите луѓе, како што е Тејлор Свифт, привлекуваат илјадници посетители на информативните страници за гласање, не е јасно колку луѓе всушност се регистрираат за да гласаат.

И на аналитичарите им е тешко да го предвидат влијанието на поддршката.

„Клучното прашање ќе биде дали регистрацијата на гласачите е на местата што се важни и дали таа регистрација на гласачите всушност се претвора во излезност на гласачите?“, вели Давид Шулц од Универзитетот Хамлин.

Поддршката од познатите во последен момент најверојатно нема суштински да ја промени ситуацијата, вели Шулц.

„Откако Џо Бајден излезе од трката и дојде Камала Харис, гледаме мали промени во јавното мислење. Но, во најголем дел, мислам дека јавноста има одлучено“, смета Шулц.

Политичкиот експерт сепак забележува дека доколку навистина им се допаѓа славната личност, неопределените гласачи сепак би можеле да се појават на гласачките места на 5-ти ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG