Линкови за пристапност

Од сточари во одгледувачи на пеперутки: Многу панамски фармери менуваат професија


Од сточари во одгледувачи на пеперутки: Многу панамски фармери менуваат професија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Многу сточари во Панама преминуваат од одгледување добиток на многу помали животни - пеперутки. Не само што е добро за планетата, туку за некои е докажано дека е економски профитабилно. Известува Оскар Сулбаран. 

Одгледувањето и грижата за неговата разновидна колекција на пеперутки во живи бои е новооткриена гордост и радост на Хаиме Наваро.
На околу 170 километри западно од Панама Сити, поранешниот сточар се префрлил на одгледување пеперутки пред нешто повеќе од седум години, откако јагуар го нападнал и го десеткувал неговото стадо.

„Многу сум благодарен. Да не беше јагуарот, ќе сечевме дрвја, ќе палевме и ќе применувавме хемикалии во нашата борба за егзистенцијално земјоделско производство“, вели Хаиме Наваро, одгледувач на пеперутки.

Денес, тој е еден од десетина успешни одгледувачи на пеперутки во Панама. Во последната година, тој вели дека производството на неговата фарма пораснало од 100 на 600 кризализи месечно.

„Тоа е многу деликатна работа, но многу интересна“, додава Наваро.

Биологот Самуел Валдес, кој е директор на резерватот за пеперутки, имал улога во убедувањето на сточарот Наваро да ја претвори својата парцела во фарма за пеперутки.

„Тоа е простор каде има постојани врнежи и е многу влажно, и каде што постои оваа биолошка разновидност, бидејќи пеперутките веќе беа тука. Не направивме ништо друго освен да научиме да управуваме со ресурсите“, објаснува Валдес.

Тоа вклучува елиминирање на употребата на пестициди и инсектициди за заштита на природното живеалиште во Панама, кое е дом на најмалку 1.500 видови пеперутки.

Валдес обучува и работи со мрежа на фармери, помагајќи им да се ориентираат во просперитетната меѓународна трговија со пеперутки во Панама.

„Панама има низа регулативи за извоз на живи организми, како што се пеперутките, а земјите увозници исто така имаат свои барања да спречат влез на земјоделски штетници“, додава Валдес.

Во моментов, Валдес вели дека Панама продава околу 90% од пеперутките што ги одгледува исклучиво во Тропската градина на пеперутки во Коња во Турција. Јасин Селви е нејзин директор.

„Нашата најголема среќа не е само да имаме панамски пеперутки во нашата градина, туку и да бидеме дел од проектот за зачувување на природата во Панама“, објаснува Јасин Селви, директор на градината за тропски пеперутки во Коња.

Овој проект доведе до одржливо одгледување пеперутки и алтернатива што го трансформирала животот на Хаиме. Тој верува дека нашол начин да го зачува богатото природно наследство на неговата земја и истовремено да заработи за живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG