Линкови за пристапност

Од новинарскиот бележник: На терен во Украина, сведоштва за страдања што не се забораваат


Од новинарскиот бележник: На терен во Украина, сведоштва за страдања што не се забораваат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Со влегувањето на руската војна против Украина во третата година, Селија Мендоза од Гласот на Америка го споделува своето искуство од нејзиното известување во Украина, како и искуствата со нејзните соговорници кои биле погодени од конфликтот.  .

Утро во Харкив во февруари. Може лесно да се заборави колку е блиску војната на Русија до овој жив украински град.

За само неколку секунди, може да се смени сѐ...

„Како што можете да слушнете, моментално имаме предупредување за напад додека снимаме интервју. И ова е реалноста со која се соочуваат сите луѓе тука“.

Со постојана закана од Русија, кога патував за Украина во февруари се подготвив. Спакував заштитна опрема, вклучувајќи панцир и шлем.

Но, не можев да се подготвам за емоциите додека одев по улиците на Изиум - град кој Русите го окупираа 160 дена на почетокот на инвазијата во 2022 година.

Градоначалникот Валериј Марченко ми кажа дека по заминувањето на Русите, украинските граѓани пронашле масовна гробница. Таму има повеќе од 470 тела. Луѓе се убиени од бомбардирање, гранатирање, дури и тортура.

Жителите на градот многу страдаа. Пример за тоа е 103-годишната Олга Хмарна. Од нејзината скромна куќа, Олга се сеќава на експлозијата што го потресе нејзиниот дом, по што привремено била глува и имала заматен вид.

Таа остана позитивна и насмеана, и покрај стравувањата дека Русите би можеле да се вратат.

Од сите интервјуа во моите години како новинарка, го одвојувам тоа со Олга. Навечер често мислам на неа и на нејзината истрајност.

На пат кон Буча, патот е преполн со воени сцени.

Во градот, отец Андриј Халавин ги чита имињата на убиените. Повеќе од 500 имиња, споменати на местото каде што открија десетици тела во два долги ровови.

Спомените на овие градови засекогаш ќе останат во мене.

Но,... животот продолжува. Нашата теренска продуцентка Никол Голдман знае каде има уништување, а каде надеж, како ова кафуле во Ирпин.

Голдман вели дека градот се враќа во живот, но сеќавањето на тоа што се случи создава непријатности.

„Сфаќате дека на ова место имаше масакри, имаше толку многу човечки трагедии што се чувствувате малку виновни што поминувате тука време – да пиете кафе – само да шетате наоколу. Сфаќате колку воени злосторства се извршени тука. Многу луѓе загинаа тука“, вели Голдман.

И додека војната влегува во третата година, Украинците внимателно го следат секој развој на настаните, а во исто време, гарантираат дека никогаш нема да ги заборават жртвите, за тоа каде се наоѓаат сега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG