Линкови за пристапност

Од депонија, во парк: Мега-еколошки проект на југот од Калифорнија


Од депонија, во парк: Мега-еколошки проект на југот од Калифорнија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Во Јужна Калифорнија, она што некогаш беше втора по големина депонија во Америка е на пат да стане рекреативен парк. Генија Дуло од Гласот на Америка известува од Лос Анџелес.

Депонијата на Пуенте Хилс во Калифорнија некогаш била една од најголемите во државата, собирајќи повеќе од 150 милиони тони ѓубре од округот Лос Анџелес во текот на 56 години.

Раководителката на округот Лос Анџелес, Хилда Солис, пораснала во оваа област. Таа вели дека депонијата била непријатна за заедницата со доминантно латиноамериканско население.

„Татко ми нè возеше овде, дури и на автопатот во непосредна близина. Што беше не ни беше јасно, но смрдеше. Имаше многу токсичен мирис на ова место, а јас го прашував татко ми што е тоа. Тој ми кажуваше дека е ѓубре“, вели Солис.

Депонијата била затворена во 2013 година. Кога Солис се вратила во Калифорнија, откако беше секретарка за труд на претседателот Барак Обама, таа работела да ја направи оваа област парк за заедниците кои живееле до депонијата со децении.

„Никој не сака да живее околу места кои имаат загадувачи или можат да имаат штетни влијанија, како метанот и слично. Сега е време заедницата да разбере дека ова е добар начин да се претвори нешто со толку негативно влијание во нешто подобро“, вели Солис.

Плановите за парковите вклучуваат отворен простор со патеки за трчање, игралишта за кучиња, излетнички места, курсеви за велосипеди, градини и живописен Скајвок.

Архитектката Меган Хорн вели дека сето тоа што ја покрива депонија носи уникатни предизвици.

„Ова секогаш ќе биде депонија, но можеме да направиме многу за да го обновиме. Има околу четири метри земја на врвот каде може да засадиме. Тоа е всушност дел од некои од безбедносните системи за контрола на животната средина“, вели Меган Хорн, архитектка.

Тие еколошки контроли, исто така, вклучуваат мрежи од цевки за метанот што го испушта депонијата.

Директорката на „Паркови и рекреација“ на округот Лос Анџелес, Норма Идит Гарсија-Гонзалес, живее во областа.

„Тој метан се претвора во енергија што се исфрла во мрежата, а ние имаме тимови од инженери. Ќе бидеме партнери и ќе продолжиме да го следиме и да го ко-менаџираме овој парк за да ја осигураме неговата безбедност“, објаснува Идит.

Програмерите на Пуенте Хилс се надеваат дека ќе ги повторат успесите на Ботаничката градина во Палос Вердес развиена во 1960-тите.

Таа е една од првите ботанички градини во светот што претходно била депонија. Целта е регионалниот парк Пуенте Хилс да се отвори навреме за Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG