Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес ја објави минималната синдикална кошничка за месец февруари која изнесува 63.773 денари. Оваа сума е потребна за да се обезбедат најнеопходните продукти и да се подмират сметките за да може да се преживее во месецот. Јазот меѓу кошничката и минималната плата продолжува да расте, па сега на четиричлено семејство каде примањата се две минимални плати им недостасуваат 19 илјади денари за да преживеат.
Од денес над илјада производи треба да се продаваат со маржи од пет, десет односно петнаесет отсто. Синдикатот ги поздрави мерките, Комората на трговци на големо и мали контра – сметаат дека се штетни и избрзани.
Владините мерки стапија на сила и ќе траат до 30 април
Facebook Forum