Линкови за пристапност

Обвинението за Трамп се фокусира на фалсификување деловни записи


Обвинението за Трамп се фокусира на фалсификување деловни записи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00

Обвинението против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп вклучува наводни плаќања на актерката за возрасни Сторми Даниелс. Но, купувањето на нечиј молк не е кривично дело, па зошто на Трамп му се заканува можна затворска казна? Повеќе од Тина Трин.

Обвиненијата против Доналд Трамп се за фалсификување деловни досиеја за наводно криење исплати на актерка за возрасни и на поранешен модел на Плејбој за да ги спречи да зборуваат за него во медиумите пред претседателската кандидатура во 2016 година.

Трамп се изјасни за „невин“ по обвинението и го нарече политички прогон. Но, ова е повеќе отколку купување нечиј молк.

Плаќањето некому да молчи не е нелегално.

Во овој случај, наводното кривично дело е како плаќањата се евидентирани како деловни и правни трошоци, кога не се.

Закон во Њујорк го прави кривичното дело фалсификување деловни записи со намера да се измами и со намера да се изврши друго кривично дело.

Обвинителите тврдат дека Трамп и издавачот на таблоиден весник се вклучиле во шема за да им платат на изворите за да молчат, а потоа да ги сокријат информациите од јавноста.

„Промовирање или спречување“ на избор на кое било лице на јавна функција со незаконски средства.

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, веќе се изјасни за виновен и отслужи затворска казна за прекршување на финансирањето на кампањата поврзано со исплатите со обвиненијата со кои сега се соочува Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG