Линкови за пристапност

Нуркање, пливање, вадење давеници: Интензивна обука за спасителите на вода


Нуркање, пливање, вадење давеници: Интензивна обука за спасителите на вода
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Триесеттина спасители на Црвениот крст ова лето ќе се грижат за безбедноста на капачите на плажите покрај Охридското Езеро. Дел од вежбите за спасител се: 100 метри пливање и 15 метри нуркање, додека обуката завршува со вадење на давеник од езерското дно. Автор Мики Трајковски. .

Триесеттина спасители на Црвениот крст ова лето ќе се грижат за безбедноста на капачите на плажите покрај Охридското Езеро. На веќе постоечките спасители ќе им се приклучат оние кои неодамна ја завршија потребната обука за да ја работат оваа работа, иако критериумите за да се биде спасител не се лесни. Гласот на Америка присуствуваше на последниот ден од обуката, каде останаа најподготвените.

„За да стане спасител треба да биде психички и физички здрав. Физички многу подготвен затоа што станува збор за отворена вода, не е базен, каде можеме да реагираме многу лесно. Тука е отворена вода каде најчесто сите збиднувања се случувања во длабокото и затоа дел од кандидатите се откажаа“, вели националниот инструктор за безбедност на отворени и затворени води, Дејан Јонузоски.

Идните спасители поминуваат низ најразлични вежби, кои се повеќе од ригорозни. На почеток тоа се 100 метри пливање и 15 метри нуркање, кои еден кандидат мора да ги помине за да продолжи понатаму. Обуката завршува со вадење на давеник од езерското дно.

„Ние спасителите ги подготвувавме во целост да бидат подготвени и за активен и за пасивен давеник. Но, сепак не е сеедно да извадите тело од езерото кое е во бесознание, кое е многу потешко да се извади. Потоа имате извлекување на плажа, реанимација, прва помош, болница. Значи имате овде цел еден ланец кој мора да се изучи и мора правилно да се постапи за време на интервенирањето“, вели Јонузоски.

Седумнаесетгодишниот Давид Бујароски успешно го помина неколку дневниот курс. Вели одговорноста ќе биде голема. Ќе се грижи за безбедноста на градскиот базен во Охрид.

„Се одлучив да дојдам на обуката бидејќи сакам да имам сертификат. Најинтересно ми беше нуркањето и вадење на давеник под вода. Многу голема одговорност е и малку сум замислен околу тоа, но ќе гледам одговорноста да е исполнета“, вели Бујароски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG