Линкови за пристапност

Новинарските извештаи стануваат клучни докази за воени злосторства


Новинарските извештаи стануваат клучни докази за воени злосторства
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Новинарите кои покриваат конфликти ширум светот имаат пристап до местата на воените злосторства, но има малку механизми за користење на таа содржина како доказ пред судот. Нов проект има цел да го промени тоа. Известува Ана Черникова.

Проектот „Реконинг“ има за цел да ја промени ситуацијата со човековите права во светот и истражувачкото новинарство.

Кооснован од Жанин ди Џовани, известувачка за човекови права и истражувач во конфликтните зони, проектот се бори за правда и одговорност во време на војна, и пред јавноста и пред судовите.
„Отсекогаш сум работела во конфликтни зони, воени зони за последиците од војната и секогаш сум разговарала со преживеани. Некој мора да води евиденција за тоа. Мислам дека сите војни и сите места каде што луѓето страдаат треба да се третираат подеднакво“, вели Ди Џовани.

Проектот „Реконинг“ ги комбинира активизмот и новинарството, обуката на новинарите и истражувачите, да ги снимаат, собираат и чуваат изјавите и сведочењата, за да можат да се користат во правни случаи.

Тоа значи, меѓу другото, дека новинарите мора да поставуваат прашања кои не даваат насоки, и да не ги спремаат сведоците со кои разговараат за тоа како да одговораат.
Новинарите не се поврзани со ниту еден судски систем и добиваат поддршка од фондации и непрофитни организации.

Интервјуата понекогаш се појавуваат во медиумски текстови, но ди Џовани вели дека има поголема цел.

„Во овој краток рок, е работа со обвинители, работа со активисти, да се врши притисок врз ОН или владите. Долгорочно: да се обезбеди трајно сеќавање за она што се случило“, објаснува Ди Џовани.

Две години по инвазијата на Русија на Украина, проектот ја поставува основата за идните судења за воени злосторства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG