Линкови за пристапност

Новата Влада треба да продолжи да ѝ помага на Украина, вели Петровска


Конкретно, дали и каков вид на опрема и вооружување ќе биде побарано, ќе треба како и досега свое мислење да даде Генералштабот на Армијата, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска
Конкретно, дали и каков вид на опрема и вооружување ќе биде побарано, ќе треба како и досега свое мислење да даде Генералштабот на Армијата, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска

Северна Македонија може да продолжи да ја помага Украина, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Таа смета дека новата Влада треба да продолжи по истиот курс за подршка на Киев.

Конкретно, дали и каков вид на опрема и вооружување ќе биде побарано, ќе треба како и досега свое мислење да даде Генералштабот на Армијата, вели таа

„Но имаме други видови како можеме да помагаме. Така и почнавме. На крајот на минатата година Криволак беше местото каде беа спроведени тренинзи за повеќе од стотина припадници на украинската војска. Го оставивме развиен концептот како со медицински потреби да ги задоволуваме потребите на украинската армија“, вели Петровска.

Исмет Рамадани, претседател на Евроатланскиот совет на Македонија, вели дека во НАТО ги знаат капацитетите на земјата и со што таа може да помогне.

„Јас мислам дека нема да бараат толку колку ние не можеме економски да го издржимее тоа. Најверојатно ќе одиме со нешто што е поскромно. Има можност да одговориме со некое полесно оружје и други компоненти, кои ја сочинуваат воената опрема. Но никогаш не треба да кажеме не отсечно за одредена помош“, вели Рамадани.

Ќе продолжи ли државата да обезбедува помош за Украина?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Според последниот извештај на НАТО, Северна Македонија е на 11 место, според издвоените средства од БДП наменети за одбрана, или 2.22 отсто.

Тоа значи дека земјата за 2024 година има предвидено 263 милиони долари за одбранбени трошоци.

„Согласно проекциите кои ги презентиравме во февруари оваа година пред Алијансата, очекуваме постепено континуирано зголемување. Изминатите 7 години беа направени многу набавки, а уште позначајно се инвестираше во припадниците на Армијата“, рече Петровска.

Рамадани вели дека тоа во Алијансата земјата ја прави сериозна и посветена членка.

„Со ова Македонија покажува сериозност. Тоа дава разбирање и од другите членки и од раководството на НАТО, дека ние сериозно ги прифаќаме сите обврски и стандарди, за една сериозна членка на НАТО. Се случува во НАТО и земји кои се економски појаки, да не ги исполнуваат условите“.

Инаку една од заложбите на членките на НАТО уште во 2014 година, а Северна Македонија тоа го прифати со самото членство, беше до 2024 година да постигнат 2 отсто од БДП.

XS
SM
MD
LG