Линкови за пристапност

Новата номинирана амбасадорка на САД во ОН се залага за реформирање на Организацијата


Новата номинирана амбасадорка на САД во ОН се залага за реформирање на Организацијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:58 0:00

Претставничката во Конгресот Елис Стефаник, номинирана од претседателот Доналд Трамп да служи како амбасадорка на САД во Обединетите нации, се залага за реформирање на меѓународната организација. Известува Кетрин Џипсон.

Претставничката Елис Стефаник, избор на претседателот Доналд Трамп да ги претставува САД во Обединетите нации, се заложи за одговорност.

„ОН не ја исполнија основачката мисија и ние мора да бараме подобро. // Ја споделувам визијата на претседателот Трамп за реформа на ОН од силна Америка Прво, мир преку сила - и враќање на оваа основачка мисија за промовирање на мир и безбедност низ целиот свет“, истакна Стефаник.

Стефаник беше избрана во Конгресот во 2014 година на 30-годишна возраст и стана четврти по ранг член на Домот. Републиканските сенатори велат дека стабилната рака и силниот интелект на Стефаник ја прават одличен избор за да се залага за Соединетите Држави во Обединетите нации.

„Кога многумина од нас гледаат во Обединетите нации, ова тело кое треба да ги унапредува вредностите на мирот и слободата и човечкото достоинство, не гледаме како тие американски вредности се одразуваат. Гледаме неконтролиран антисемитизам против единствената еврејска држава во светот, која се соочува со напади од сите страни. Гледаме угнетување и агресивни автократи прославени и издигнати на лидерски позиции“, посочи сенаторката Шели Мур Капито.

Стефаник им рече на сенаторите дека времето во Конгресот ќе ѝ помогне во нејзиниот пристап како амбасадор.

„САД се најголемиот придонесувач во ООН. Нашите даночни долари не треба да бидат користени за поддржување ентитети кои се спротивни на американските интереси, антисемитски или вклучени во измама, корупција или тероризам. Мораме да инвестираме во програми за зајакнување на нашата национална безбедност и да дадеме резултати за да ја зголемиме ефикасноста на програмите на ОН", истакна Стефаник.

Сенаторот Џим Риш - главниот републиканец во Комитетот за надворешни односи на Сенатот - се согласи.

„Верувам дека е разумно да се преиспита секоја агенција на ОН за да се утврди дали она што тие го прават е директно од корист за Америка и да се повикаат на одговорност додека одговорот не биде убедливо да", рече Риш.

Портпаролот на ОН, Фархан Хак, искажа поинакво мислење.

„САД должат 1,5 милијарда долари на редовниот буџет на ОН - 1,5 милијарда. А потоа, помеѓу редовниот буџет, буџетот за мировни сили и трибуналите, вкупниот износ што им го должат на сите три е 2,8 милијарди долари“, истакна Хак.

Еден аналитичар за Гласот на Америка кажа дека може да биде тешко за САД да ја сменат 80-годишната организација.

„Во некои пониски инстанци, ние сме најголемиот донатор на Обединетите нации. Значи, постои можност да се искористи тоа. Но, досега, ние бевме во можност да го искористиме тоа на мали начини за институционални промени“, смета Џон Фортиер од Американскиот ентерпрајз институт.

Демократите се загрижени за минатите постапки на Стефаник.

„Вие гласавте за дефинансирање на Обединетите нации и нивните специјализирани агенции. Секако, би се согласил дека Обединетите нации се несовршено тело, но ОН се и мултипликатор на парите од американските даночни обврзници. Отстранувањето на САД е нешто што го сакаат нашите противници, особено Русија и Кина", посочи сенаторката Џин Шахин.

Доколку биде потврдена, Стефаник ќе биде 32-та личност што ќе ја предводи мисијата на САД во Обединетите нации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG