Линкови за пристапност

Нова стратегија во САД за справување со предозирањето од опоиди


Нова стратегија во САД за справување со предозирањето од опоиди
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Администрацијата на Бајден започна нов обид за справување со епидемијата на предозирање со дрога во САД, која во 2022-ра однесе повеќе од 100.000 животи. Но, аналитичари велат дека стратегијата има недостатоци. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Околу 100.000 луѓе умираат од предозирање со дрога секоја година во САД, повеќето од употреба на опoиди.

За справување со оваа епидемијата, Белата куќа објави национален „повик за акција“ наречен „Предизвик за спасување животи од предозирање“.

Иницијативата ги повикува јавниот и приватниот сектор, почнувајќи од образованието па се до транспортот за зголемување на обуката и пристапот до лек кој може да го спречи предозирањето со опиоиди. Се вика „Налоксон“, познат и по брендот Наркан.

Нира Танден е советничка за внатрешна политика на претседателот Џо Бајден.

„Нашиот фокус е да се обидеме да го направиме Налоксон достапен така што кога некој ќе има акутен напад да му се спаси живот. Многу сме горди на фактот што Управата за храна и лекови во текот на оваа администрација се погрижи тој да се продава без рецепт. Значи, достапно е за сите Американци“, вели Танден.

Танден, исто така, вели дека администрацијата на Бајден инвестираше над 100 милијарди долари за справување со кризата со предозирање и координирани со други земји за да го попречат протокот на нелегални дроги во САД.

Мексико и Кина се земји од примарен извор на фентанил и супстанции поврзани со фентанил, според Управата за борба против дрогата.

„Распоредивме нови технологии на границата за да можеме да го спречиме криумчарењето на фентанилот, но работиме и со владата во Мексико за да се осигуриме дека тие ги преземаат активностите што им се потребни за да се намали протокот на фентанил. Директно сме ангажирани и во нашите билатерални односи со Кина. Многу состојки за фентанил доаѓаат од Кина во Мексико“, објаснува Танден.

Сепак, некои аналитичари бараат поголем акцент на превенцијата од предозирање.

„Сите се свесни за ризиците, дури и луѓето кои не се сметаат себеси за корисници, дека има пристап до долгорочни услуги за закрепнување преку домување, преку интервенции по кривичната правда, преку помош за вработување“, вели Мишел Газда, експертка од Меѓупартискиот Центар за политика.

Гласот на Америка првпат ја запозна Викторија Сент кога го загуби сопругот во 2021 година од предозирање со лекови против болки, консумирајќи фентанил.

„Се чувствував како сите да ја осудуваат нашата ситуација и да го осудуваат мојот сопруг, ме осудуваат што сум со мојот сопруг. Многу е тешко да се обидеш да добиеш ресурси и помош кога постојано ја среќаваш таа бариера на нечие мислење“, вели Викорија Арнолд, Сопруга на починат од предозираност.

Белата куќа планира да ги засили активностите за својот „Предизвик да се спасат животи од предозирање“ во текот на летото, кога често се забележува скок на случаи со предозираност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG