Линкови за пристапност

Нов бран мигранти се движи кон САД преку Мексико


Нов бран мигранти се движи кон САД преку Мексико
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Зголемен број мигранти пристигнуваат во Сиудад Хуарез, мексиканскиот град до границата со САД од Тексас, според официјалните лица за имиграција. Тие велат дека топлото пролетно време и привременото запирање на контроверзниот закон во Тексас предизвикуваат зголемен бран. Известува Цезар Контрерас.

Протокот на мигранти на север кон границата со САД повторно се зголеми по брутално студената зима.
Венецуелецот Густаво Родригез е еден од многуте на пат кон Сиудад Хуарез, спроти Ел Пасо во Тексас.

„Патувам со синот и пријателка. Си помагаме еден на друг, затоа што таа има мали деца“, вели Родригез.

Напливот на бран мигранти доаѓа по суспензијата на контроверзниот закон во Тексас, кој ѝ дозволуваше на полицијата да апси и приведува луѓе за кои се сомнева дека илегално влегле во земјата. Законот предизвика загриженост за расното профилирање во држава каде што 40% од населението се од јужно-американско потекло.

Врховниот суд на САД го продолжи привременото замрзнување на тој Акт, во очекување на негова ревизија.

„Тоа ги мотивира мигрантите кои веќе се во Мексико повторно да почнат да се движат кон САД од места како Чивава или Гомез Паласио во Тореон“, објаснува Франциско Гозалес од Мрежата за засолништа во Хуарез.

Гонзалес вели дека прифатилиштата во Сиудад Хуарез забележале зголемување на бројот на мигранти за 30 отсто во последните две недели.

Мигранти со ограничени ресурси патуваат пеш, обидувајќи се да останат безбедни со тоа што остануваат во групи.

„Се обидуваме да се заштитиме што е можно повеќе, дури и на места каде што ни е дадено засолниште“, раскажува Родригез.
Имаат причини за загриженост. Многу мигранти биле нападнати, ограбени и убиени на нивното патување кон север.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG