Подземната железница во Њујорк е полна со патници, музичари и возови што прават вреваа, но сега тоа е и место каде што жителите на Њујорк можат да најдат инспирација и да ги споделат своите најдлабоки чувства и мисли.
„Треба сите да ангажираме ако сакаме да го направиме светот подобро место за живеење!“, вели Метју Чавез, креатор на проектот.
Метју Чавез е креаторот на проектот кој ги поканува патниците да ги напишат своите мисли и чувства на лепливи белешки и да ги објават на ѕид на место од каде луѓето се префрлаат од една на друга линија, во близина на Унион Сквер.
„Луѓето зборуваат за светската политика и за други теми. Повеќето од белешките се изрази на поддршка. Има љубов во нив. Посакуваат еден на друг да имаат убав ден или велат дека нивниот живот ќе биде во ред. Тие, исто така, зборуваат за она што луѓето го доживуваат во моментов - некој ја губи работата или ќе има бебе или ќе стапи во брак... // Мислам дека пишувањето е многу, многу добра работа за луѓето“, додава Чавез.
Ова не е прв пат Чавез да организира терапија во јавниот превоз. По претседателските избори во 2016 година, отишол таму и почнал да разговара со непознати. Бидејќи многу луѓе сакале да зборуваат, Чавез се одлучил овој пат да оди со пенкало и лепливи белешки.
Реакцијата на јавноста била позитивна.
„Тоа е една од оние работи што ги зближуваат луѓето. Мислите ги споделувате анонимно, но во исто време и отворено. Гледаш дека има многу други кои го чувствуваат истото!“, вели Џонатан Вокер, жител на Њујорк.
„Само што добив отказ, а не ме фаќа паника. Возбудена сум што ќе се занимавам со мојата уметност!“, додава Салам, исто така жител на Њујорк.
„Размислувам за мојата книга и за изненадувањето што следи - не знам што е тоа!“, додава Емили.
Чавез соработува со терапевтката Дина Исмаил во програма наречена Лабораторија за слушање, која го поттикнува дискурсот во заедницата. Исмаил забележува голема разновидност на теми за кои луѓето оставаат белешки.
„Ако дојдете овде, ќе видите работи за изборите, работи за светските прашања - од Израел-Палестина до Украина-Русија, до климатската правда или за нилски коњ што го обиколи целиот Интернет - што и да е во главите на луѓето!“, вели терепевтката Исмаил.
Проектот го привлече вниманието на познатата урбана уметница Кати Гулота, која направи мал цртеж на ѕидот.
„Предизвик е што стојам тука, не седам, покрај минувачите кои се обидуваат да го фатат следниот воз. Но, ова е прекрасна инсталација. Државата е многу поделена во моментов, и тоа е време кога ни треба вакво нешто за да ги изразиме чувства и да бидеме со другите“, вели Кати Гулота, урбана скечерка.
Чавез вели дека илјадниците белешки што досега ги собрал со неговиот проект ќе бидат предадени на Њујоршкото историско друштво.
Facebook Forum