Линкови за пристапност

Низ кинескиот кварт во Кабул: Многу производи, но малку лица од Кина


Низ кинескиот кварт во Кабул: Многу производи, но малку лица од Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Додека повеќето кинески квартови во градовите ширум светот или порано биле или се уште се места каде што живеат или купуваат многу луѓе од кинеско потекло, тоа не е случај за кинескиот кварт во Кабул, Авганистан. Приказната ја пренесува Бежан Хамдард. 

Кинескиот кварт во Кабул е поинаков од било кој друг кинески кварт во светот. Тешко е овде да се најдат Кинези. Но има многу производи од кинеско производство.

„Се работи за кинески брендови. Носиме квалитетни производи на пазарот“, вели Хамидулах, сопственик на продавница во кинескиот кварт во Кабул.

Отворен во 2019 година, кинескиот кварт во Кабул е повеќе од пазар. Тоа е место каде што Авганистанците продаваат и купуваат кинески производи. Додека Авганистан добива увоз од Пакистан, Иран и Кина, кинеските производи со ниски цени ги привлекуваат сите муштерии.

„Кинеските производи имаат добар пласман во Авганистан. Тоа се развива“, вели Мохамед Моманд од Стопанската комора на Авганистан.

Овој кинески кварт веќе еднаш е преместен и се планира повторно да се релоцира, вели овој продавач во кинескиот кварт.

„Во иднина ќе имаат многу убава локација во Дех Саб. Кинезите сакаат да изградат град и планираат таму да отворат 150 фабрики“, посочува Хамидулах.

Тоа се однесува на проектот за овој индустриски парк именуван како Кинески кварт, на околу 19 километри североисточно од сегашната локација.

Најавен уште во 2022 година, развојот на новиот индустриски парк може да се види овде од веб-страницата Кинески кварт во Авганистан, спонзорирана од Министерството за трговија на Кина.

Кинескиот државен медиум Глобал тајмс го цитираше заменикот генерален директор на овој проект во Кабул, Ли Жијинг и објави дека тој вклучува партнерства од рударството до изградба на урбани објекти и производство на градежни материјали.

Досега, изградбата и развојот беа минимални ако се суди според сликите, анализирани од глобалната лабораторија за истражување дезинформации при Универзитетот на Тексас во Остин.

Кинеските компании покажаа интерес за рударскиот сектор во Авганистан, но експертите велат дека понатамошните деловни партнерства се попречени од загриженоста на Пекинг во врска со терористичките активности кои би влијаеле на кинескиот бизнис во Авганистан, па дури и потенцијално да се прелеат во Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG