Линкови за пристапност

Невладина организација во Њујорк организира часови по пливање за сиромашни


Невладина организација во Њујорк организира часови по пливање за сиромашни
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Невладина организација во Њујорк, обезбедува бесплатни часови по пливање и обука за безбедност во вода за младите од заедниците со ниски примања. Со овие обуки се надеваат дека ќе спречат случаи на давења. Сторија на Џун Хсу и Ренди Викаксана.

Втора година по ред Кејара Најт е на оваа програма за пливање во Бруклин, Њујорк. Таа е решена да ги победи стравот од вода по страшно искуство кое го имала од детството.

„За малку ќе се удавев, па татко ми сметаше дека е неопходно да земам часови по пливање. Но, часовите по пливање чинат пари, а овие се бесплатни“, раскажува Најт.

Најт, 21-годишната Њујорчанка, учествува во шестнеделна интензивна програма на невладината организација „Rising Tide Effect“, која нуди бесплатни часови по пливање на заедници со ниски примања во Њујорк.

Споредбено со 2019 година, има повеќе давеници за околу 500, меѓу 2020 и 2022 година, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести на САД.

“Како Њујорчанка, ми се крши срцето. Ми се лоши кога мислам дека луѓето умираат во мирни води“, вели Кејт Крауз од „Rising Tide Effect Founder“.

На учениците на Кејт им се допаѓа тоа што нејзината програма ги подготвува не само за пливање во базен, туку и за мртви води и други опасности од вистинското океанско искуство.

„Вторник и среда, пливаме тука во базенот, а во четврток одиме на плажа за да научиме како да сурфаме и да бидеме отпорни и на океанската вода, бидејќи базенот и океанот се две различни работи", вели Џесика Ромејн, учесничка во програмата на „Rising Tide Effect Founder“.

Светската здравствена организација вели дека во просек во светот на секој час 26 луѓе умираат од давење.

„Мислам дека една од причините е релативниот неангажман околу давење, бидејќи давењето е голем проблем кој може лесно да се спречи“, посочува Давид Медингс од СЗО.

За Кејара Најт, нејзиното искуство со „Rising Tide Effect“ не е само за подобрување на нејзиното пливање, туку и за да научи важни животни лекции.

Центарот за контрола и превенција на болести известува дека давењето е водечка причина за смрт кај децата на возраст меѓу една и четири години. Речиси 80 проценти од децата во домаќинствата со ниски приходи имаат мали или немаат пливачки способности, покажуваат податоци од Фондацијата за пливање на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG