Линкови за пристапност

Некогашниот елитен ноќен клуб во Бејрут стана засолшниште за бегалци


Некогашниот елитен ноќен клуб во Бејрут стана засолшниште за бегалци
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Скајбар, некогаш бил луксузен ноќен клуб во Бејрут, место да видите некого и да бидете видени. Сега тој е дом на над 400 раселени лица кои бараат засолниште од копнената операција на Израел и воздушните напади во предградијата на Бејрут контролирани од Хезболах.

Луксузниот ноќен клуб Скајбар во Бејрут обично е полн со луѓе кои бараат место за дружење. Сега е исполнет со луѓе кои го нарекуваат привремен дом.

Порано овде настапувале бендови, а сега облека е натрупана на сцената. Скајбар ги отвори вратите за над 400 внатрешно раселени лица кои ги напуштиле нивните домови поради бомбардирањето и копнената операција на Израел во јужен Либан и Бејрут.

„Јас сум од Аитарун во јужен Либан. Овде сум затоа што Израел го нападна нашиот дом и не` принуди да си заминеме. Сите куќи во Аитарун се уништени. Заминавме од таму со моето семејство и побегнавме овде“, вели Хусеин Абас, раселено лице.

„Живеев во Бурџ ал Барајнех. Имаше воздушни напади и уништување околу куќата. Избегавме и дојдовме овде“, додава Абас Атаад, раселеник.

Кон крајот на септември, Меѓународната организација за миграција процени дека во Либан има најмалку 346.000 внатрешно раселени лица.

Хезболах и Израел се напаѓаат меѓусебно откако Хамас го нападна Израел во октомври 2023 година. Во септември 2024 година, Израел ги засили своите воени напади во Либан со воздушни напади врз цели на Хезболах.

Ранда ал Хаџ Хасан, од провинцијата Тир во јужна Либан, вели дека првичниот конфликт бил далеку од нив до неодамнешните воздушни напади на Израел.

„Понекогаш и нашето село беше нападнато, но ние останувавме во нашето село. Продолживме да работиме затоа што моравме да живееме. Кога воздушните напади почнаа насекаде без предупредување, не погледнавме што се случува, ги зедовме нашите работи и заминавме“, вели Ал Хаџ Хасан.

На паркингот на ноќниот клуб каде до пред неколку месеци беа наредени луксузни автомобили, поставени се мали и големи шатори и черги, а децата спијат или си играат.

Сопственикот на ноќниот клуб побара да не биде идентификуван или да се појавува пред камера, но вели дека со помош на некои хуманитарни организации ги обезбедува потребите на луѓето што живеат во неговиот локал. Тоа вклучува топли оброци дури трипати на ден.

„Сопственикот на барот ни го отвори ова место, благодарни сме. Тој е прекрасен“, додава Ал Хаџ Хасан.

Со продолжувањето на конфликтот меѓу Хезболах и Израел, многу од луѓето што живеат овде велат дека се плашат да си одат дома и не се сигурни дали воопшто ќе имаат дом да се вратат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG