Во близина на влезот на Стариот град во Хеброн, на окупираниот Западен Брег, сопственикот на продавница Бадер Тамими забележал поголема свесност за шамијата од почетокот на најновата војна меѓу Израел и Хамас.
„Сега има голема побарувачка за шамијата, и тоа, се разбира, влијае на мојата работа. Сите сега сакаат шамија“, вели Тамими.
Историчарката која ја проучува палестинската облека Вафа Гнеим, рече дека арапската шамија што ја знаеме денес започнала прво во обична бела боја, а се појавувала за време на арапската револуција од 1936 до 1939 година, проследена со кариран стил што пристигнал во 1950-тите.
„Гледаме дека беше носена од лидерот на палестинскиот народ во тоа време Јасер Арафат. И беше познат по тоа што ја свиткуваше во форма на Палестина, како триаголник, пред да ја стави на главата. Во тоа време, Лејла Халед, палестински борец за слобода во суштина ја зеде црно-белата шамија и ја носеше на главата. Тогаш навистина почна да станува симбол на отпорот и националното единство на Палестинците“, објаснува Гнеим.
Гнеим вели дека облеката почнала да се политизира.
„Дека тоа е терористичка облека или се злоупотребува кога ја носи Палестинец и сојузник на Палестина“, вели Гнеим.
Поради оваа политизација, има закани за забрана на шамијата во места како Германија, Канада, Тунис и Франција.
И во 2023 година, тројца палестински студенти во источната американска сојузна држава Вермонт беа застрелани додека носеа марами и зборуваа арапски.
Една палестинска модна дизајнерка вели дека свесно ризикувала да ја прикаже шамијата. Синин Хароб ја вклопила марамата во нејзините модни фустани на турската ревија оваа пролет.
„Ова е, како, моја прва меѓународна модна ревија. За мене беше многу емотивно и многу важно. Бидејќи беше многу голем ризик, многу сум горда од резултатите“, вели Хароб.
Назад во Хеброн, продавницата на Тамими се наоѓа спроти израелската населба Беит Романо.
Побарувачката за локално направени шамии е голема, но сепак залихите се ограничени оти последната текстилна фабрика за марами, управувана од семејството Хибави, се соочува со повеќемесечен застој.
Палестинската активистка и аналитичарка Дијана Буту рече дека за време на неодамнешниот конфликт, шамијата станала симбол на култура која е во ризик да исчезне.
„Беше неверојатно колку луѓе ширум светот ми побараа едноставни работи, како шамијата, палестински вез. Тие исто така се плашат дека ќе бидеме избришани од Земјата, и дека со тоа што ќе бидеме избришани, сите овие прекрасни симболи на нашето наследство исто така ќе исчезнат“, вели Буту.
Сегашниот конфликт започна на 7 октомври, кога Хамас го нападна Израел, при што загинаа 1.200 луѓе и беа земени повеќе од 240 заложници.
Во контраофанзивата на Израел во Газа загинаа повеќе од 39.000 Палестинци, според Министерството за здравство во Газа, кое не правиразлика помеѓу цивили и борци.
Facebook Forum