Линкови за пристапност

Неизвесна политичка иднина за Франција после изборите


Неизвесна политичка иднина за Франција после изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Разговорите за изнаоѓање политички пат започнаа во Франција, по зачудувачките резултати од предвремените парламентарни избори, кои ја ставија левицата, а не крајната десница, на врвот. Лиза Брајант известува од Франција.

Ова не беше исходот што повеќето Французи го очекуваа. Наместо победа на крајната десница, левичарската коалиција Нов народен фронт освои најмногу места во Националното собрание, што претставува неуспех за десното крило, антиимигрантскиот Национален собир.

Откако напредуваше во првиот круг, Националниот собир се најде на третото место во вториот круг зад центристичката коалиција на претседателот Емануел Макрон - која помина подобро од очекуваното, но сепак загуби речиси 100 места и релативното мнозинство во Долниот дом.

Премиерот Габриел Атал засега останува на функцијата но, за Макрон останува неизвесно.

Многумина ги припишуваат резултатите на левицата на таканаречениот „Републикански фронт“ од мејнстрим партиите, за да се спречи екстремната десница да победи.

„Мислам дека најверојатното сценарио во моментов е левиот блок или Нов народен фронт и Ансамбл, партиите што го поддржуваат Макрон, да имаат некаков договор за коалиција или барем некаков договор за соработка“, смета Гесине Вебер, аналитичарка во Германски маршалов фонд.

По наклонувањето кон десниот центар, францускиот претседател и неговиот сојуз сега можеби ќе треба да се придвижат лево. Макрон можеби ќе треба да владее со политичката опозиција - нешто што никогаш не го направил во неговите седум години на власт.

Аналитичарите како Вебер велат дека Макрон најверојатно ќе ја задржи контролата врз надворешната политика, која ги поддржува Украина, Европската унија и НАТО.

Но, можното сојузништво со левицата може да ја запре или повлече домашната агенда на Макрон, вклучително и контроверзното пензионирање но и други реформи.

Политичките поделби на Франција се рефлектираа насекаде, особено откако со гласањето се спротиставија крајната левица i екстремно десничарскиот кандидат.

„Гласав за левицата. Тие ги имаат вредностите во кои верувам“, вели Луиз Рагу, жителка на Франција.

Така беше и за Јанина Керкини, ќерка на алжирски имигранти, која е загрижена за екстремната десница.

„Луѓето кажуваат повеќе од она во што навистина веруваат. Го гледаме тоа секој ден. Тие не се сеќаваат на историјата, тоа ме прави тажна“, вели Керкини.

Од Националниот собир се разочарани, но сепак освоија десетици нови законодавни места и останува главна сила пред претседателските избори во Франција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG