Линкови за пристапност

Недостасуваат полначи за електрични возила во Калифорнија


Недостасуваат полначи за електрични возила во Калифорнија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Над 1,7 милиони електрични автомобили моментално се по патиштата во Калифорнија. Но најголем предизвик за најголемиот пазар за електрични возила во САД е обезбедување доволен број  полначи. Анџелина Багдасаријан со деталите.

Жителот на Лос Анџелес Пол Вилијамс купил електричен автомобил пред два месеци.

„Фантастично е од неколку причини. Економичноста. Подобро е за животната средина“, вели Вилијамс.

Но, кога батеријата на автомобилот ќе се испразни, Вилијамс го губи ентузијазмот. Вели дека полнењето на возилото бара време и трпение.

„Оваа станица за полнење покажува дека работи, но кога ќе ја приклучите, се заклучува во возилото и не можете да се исклучите. Заглавени сте!“, додава Вилијамс.

„Го возам овој автомобил речиси три години, напојувањето е лесно. Но, во последно време е многу тешко. Понекогаш од три, два полначи не работат. Треба да чекате два часа, понекогаш“, објаснува Бабак Шахпар, жител на Лос Анџелес.

„Фолксваген“ од Америка нуди три-годишно бесплатно брзо полнење како поттик за купување електрични возила и се повеќе автомобилски гиганти прават нешто слично - како БМВ, Порше и Мерцедес.
Бидејќи сè повеќе луѓе купуваат електрични автомобили, проблемот сега е што државата нема доволно станици за полнење.

„Беше убаво на почетокот, луксузен автомобил, две години бесплатно полнење. Но, проблемот е што на овие станици пишува дека се со капацитет од 150 киловати на час, но, всушност, се 25 киловати на час. Значи, треба да почекам два часа за да го наполнам. Да знаев - немаше да го купам овој автомобил!“, негодува Робик Деланиан, жител на Калифорнија.

Калифорнија има околу 41.000 јавни полначи за електрични возила, најмногу во САД.

Експертите, велат дека жители на Калифорнија купуваат вакви автомобили со побрзо темпо отколку што државата може да инсталира полначи.

„Калифорнија се движи најбрзо од сите во нацијата кога станува збор за електрични возила, од три причини. Најпрво, федералното даночно олеснување. Луѓето се многу повеќе свесни од еколошки аспект. Влијаат, и високите цени на бензинот!“, смета Дипак Раџодопак, професор од УКЛА.

Американските федерални власти велат дека сакаат да има инсталирано 500.000 станици за полнење во земјата до 2030-та. Моментално, има околу 180.000.
Но, истражувачите од Националната лабораторија за обновлива енергија веруваат дека ќе бидат потребни над милион полначи за да се задоволи побарувачката.
Кон крајот на 2023-та, Тесла соработувајќи со федералната влада, рече дека ќе ги отвори своите станици за полнење за сите електрични возила, а повеќето производители на автомобили најавија дека ќе го прифатат стандардот за полнење од Тесла.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG