Линкови за пристапност

НАТО ги засили патролите после кинењето оптички кабли во Балтичкото Море


НАТО ги засили патролите после кинењето оптички кабли во Балтичкото Море
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

После неколкуте инциденти со оштетување на поморските кабли во Балтичкото Море, НАТО започна програма за следење на овие витални подводни комуникациски и енергетски цевководи. Владислав Андрејевс од Гласот на Америка беше на брод на НАТО за откривање мини.

Естонските воени бродови до неодамна го поминуваа поголемиот дел од своето време на заштита на границите, барајќи повремена мина на дното на Балтичкото Море и спроведувајќи спасувачки операции. Но, овие денови - откако беа оштетени невообичаено голем број подводни кабли - морнарицата има нова мисија - заштита на поморската инфраструктура.

Од почетокот на 2025 година, екипажот на овој ловец на мини учествува во операциите на НАТО насочени кон заштита на Балтичкото Море. Нивната област на одговорност се протега од пристаништето Талин до средината на Финскиот залив, околу два часа пловидба.

„Од инцидентот со каблите, естонската морнарица распореди три брода - еден од нив е нашиот брод ‘Саркала’. Она што го правиме е патролирање на областа, следење на целиот морски сообраќај што оди кон запад и исток“, вели Мелис Кантс, командант на бродот Саркала.

Токму во овие води беше оштетен кабелот за напојување Естлинк-2 што ги поврзува Естонија и Финска во декември 2024 година.

Сега задача на естонската морнарица е да го заштити вториот кабел на дното на Финскиот залив.

„Ако нешто е сомнително, ги запираме бродовите, ги контактираме, и проверуваме“, додава Кантс.

Во текот на изминатите недели, повеќе од 10 подводни кабли беа оштетени во Балтичкото Море.

Иако нема дефинитивен доказ за саботажа, некои морнари велат дека се сомневаат дека случајно паднатите сидра ги уништиле каблите на морското дно.

Естонските воени претставници велат дека има активни истраги за можноста за саботажа.

„Некои кабли беа искинати со влечење сидра на дното на морето. Цивилни комерцијални бродови додека пловеле го правеле тоа со сидрото. Прашањето е - дали тоа е направено намерно или е несреќен случај? Истрагите се во тек“, објаснува Јохан-Елиас Селиама од Естонската морнарица.

Додека се на должност, естонската морнарица - заедно со финската морнарица - организираат мали воени вежби.

За овие искусни морнари тоа е малку дополнителна обука, дури и кога ја водат сериозната работа да внимаваат на овие витални цевководи што ги поврзуваат нордиските земји со Балтикот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG