Триесетгодишната Рија Натрани која од мала сакала да биде наставничка, е новодојдена од Индија во Комонвелтот на Северните Маријански Острови, американска територија на Пацификот.
„Ги редев моите кукли секој ден после училиште и глумев како да им предавам на ученици“, вели Натрани.
Деновиве, нејзината училница е полна со други наставници кои се обидуваат да научат како да ги надминат бариерите за образование на учениците на Маријанските Острови - каде што 38 проценти од населението живее во сиромаштија и тропските бури може да ја откажат наставата во училиштата неколку месеци.
„Во тој момент тие не размислуваат за едукација. И кога конечно ќе се вратиме на училиште, го имаме овој огромен образовен јаз со материјата каде што застанавме пред неколку месеци и каде што се очекува да биде завршена до крајот на година“, вели учителката.
Натрани верува дека технологијата може да помогне да се затвори тој јаз. Дури и пред пандемијата да го стандардизира учењето на далечина за училиштата низ целата земја, таа патуваше низ Маријанските Острови, обучувајќи ги наставниците да развиваат интересни онлајн часови, да реализираат настава на далечина за да го надополнат недостигот на персонал на оддалечените острови и учејќи ги учениците да градат табели, да создаваат графики и да пишуваат резимеа.
„Таа отсекогаш се обидува да не турка да ја подобриме програмата“, вели Боби
Круз, поранешен директор на Државната агенција за образование и додава дека работата на Рија ги променила нивните животи. Таа има добиено повеќе национални награди.
„Кога ќе влезете во нејзиниот простор за учење, тој е прекрасен затоа што децата добиваат шанса да пристапат до учење до кое инаку не би имале пристап“, вели Круз.
Една од тие на кои им го променила живото е матурантката Џејн Мозундер.
„Доколку д-р Натрани никогаш не би била наставничка и никогаш не би предавала, не знам како јас и моите врсници би се приспособиле на тековното општество што го имаме и на развојот на технологијата“, вели ученичката.
Мозундер ќе биде студентка на колеџ наесен и размислува својата кариера да ја продолжи во образованието. За Натрани, тој избор е дефиниција за нејзиниот сопствен успех.
„Само затоа што сме од мал остров, не значи дека нивните можности се ограничени. Се работи за напорна работа и за да можете да се видите себеси како го остварувате тој сон“, вели наставничката.
Соништа за нејзините ученици, кои сега се врзани за нејзините.
Facebook Forum