Насилните конфронтации меѓу израелските доселеници и Палестинците на Западниот брег се интензивираа во текот на изминатата година во време на израелска десничарска влада.
Но, инцидентите се удвоија по нападот на Хамас на 7 октомври, водејќи до војна, според Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања.
Палестинските фармери и овчари велат дека многу доселеници добиле оружје од владата.
„Ситуацијата е ужасна. Порано беше лошо и стана полошо. Тотална војна. Не успеавме да стигнеме до нашите полиња. Маслинките се` уште се на дрвјата. Ако се обидеме да одиме, доселениците пукаат во нас. Целиот род е уништен“, вели Фарид ал-Џабур, палестински фармер.
Во оваа област, 60 отсто од Западниот брег е под целосна израелска контрола. Таму се изградени сите еврејски населби. Тие се нелегални, според меѓународното право.
Тврдокорните во израелската влада долго време се обидуваат да ја анектираат оваа област и да извршат притисок врз Палестинците да се преселат во областите под палестинска контрола.
По 7 октомври, Палестинците евакуирале најмалку 16 заедници во оваа област, според израелска група за човекови права, велејќи дека тие биле принудени да излезат бидејќи доселениците ги напаѓале нивните семејства и имот.
Претставниците на еврејските доселеници, пак, тврдат дека додека палестинските напади врз Израелците во 2023 година биле највисоки во последните 20 години, нападите на доселениците против Палестинците се намалиле.
Facebook Forum