Линкови за пристапност

НАСА прави напори да испрати повторно луѓе на Месечината


НАСА прави напори да испрати повторно луѓе на Месечината
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

НАСА прави напори да ги врати астронаутите на површината на Месечината и да воспостави рутинско присуство на Месечината. Вселенската агенција  вели дека ќе ја турка следната мисија на својата програма Артемис од крајот на 2025 година до почетокот на 2026 година. Известува Кејн Фарабо.

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, го започна своето ажурирање на почетокот на декември за напорите на американската вселенска агенција да ги врати астронаутите на Месечината, нагласувајќи ја сложеноста на мисијата Артемис.

„Тоа е најхрабриот, технолошки предизвикувачки, меѓународен обид за соработка што човештвото некогаш го направило“, истакна Нелсон.

Артемис 1 беше првиот чекор на НАСА во враќањето на Месечината и беше пробен лет без екипаж кон крајот на 2022 година. Кога вселенското летало Орион на Артемис 1 се врати во атмосферата на Земјата, персоналот на НАСА забележа проблеми со топлинскиот штит на капсулата наменета за заштита на астронаутите внатре, ставајќи ја во сомнеж веродостојноста на вселенското летало и иднината на Артемис.

„Топлина беше акумулирана во надворешниот слој на топлинскиот штит“, објасни заменик администраторката на НАСА и поранешна астронаутка Пем Мелрој.
Таа вели дека во последователната студија на НАСА за проблемот нашла решение, а со тоа, вселенското летало Орион ќе лета во идните мисии.

„Нашиот тим ја идентификуваше вистинската причина за проблемот со топлинскиот штит на Артемис“, додаде Мерлој.

Првата мисија на Месечината со Артемис 2 првично беше закажана за крајот на 2025 година со орбитирање, но не и да слета на површината на Месечината.
Поправањето на проблемите со топлинскиот штит и траекторијата за повторно влегување на вселенското летало Орион сега ја принудува НАСА да го одложи датумот на лансирање на Артемис 2 до април 2026 година. Артемис 3, која планира да приземји астронаути во близина на лунарниот јужен пол, сега е закажана за средината на 2027 година.

„Безбедноста на нашите астронаути е секогаш на прво место во нашите одлуки“, посочи Нелсон.

Администраторот на НАСА Нелсон ја истакна геополитичката важност да се обезбеди дека програмата Артемис може безбедно и сигурно да транспортира астронаути на Месечината пред Кина да го направи тоа до 2030 година.

„Важно е поради областа каде што мислиме дека има потреба, а тоа е јужниот пол, првенствено поради присуството на вода, но и да го воспоставиме нашето присуство таму пред Кина да стапне таму и да ни каже... држете се подалеку“, посочи Нелсон.

Нелсон, исто така, ги оправда одлуките за прилагодување на временската рамка на Артемис и покрај промената во претседателската администрација во јануари што може да доведе до дополнителни прилагодувања, истакнувајќи дека ракетите за Артемис 2 веќе се подготвуваат за лансирање.

„Животот на цврстите ракетни засилувачи има одредено дефиниран век. Значи, требаше да ја продолжиме оваа работа за да можеме да останеме на оваа временска линија“, истакна Нелсон.

По лансирањето на Артемис 2, мисијата може да влезе во историјата и со испраќање на првата жена и првата обоена личност околу Месечината. Идните мисии на Артемис сè повеќе ќе вклучуваат опрема од комерцијални компании како Спејс Икс и Блу Ориџин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG