Линкови за пристапност

Над една третина од Американците се против ново соочување меѓу Трамп и Бајден во 2024


29 отсто од испитаниците рекле дека идејата за реванш им предизвикува чувство на „страв“
29 отсто од испитаниците рекле дека идејата за реванш им предизвикува чувство на „страв“

Претседателот Џо Бајден ја објави кампањата за реизбор во 2024 година, соочувајќи се со веројатен реванш со поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ја објави својата кандидатура минатата година и продолжува да тврди дека тој, а не Бајден, победил на изборите во 2020 година.

Трамп, за кој анкетите покажуваат дека е најпопуларниот републикански кандидат, се соочува со правни проблеми, откако беше обвинет во Њујорк за исплата на порноѕвезда.

Обвинителите во Џорџија, исто така, размислуваат да го обвинат за неговите постапки при пребројувањето на гласовите во оваа сојузна држава во 2020 година.

Тој ги направи своите правни проблеми дел од неговата кампања.

„Овие бројки [цифри од анкети] се една од главните причини зошто марксистичката левица доаѓа по нас. Тие го користат системот на кривичната правда за масовно мешање во изборите. Тоа е она што го прават“, рече Трамп.

На повеќе од 18 месеци до денот на изборите, повеќе од една третина од Американците велат дека веќе се чувствуваат „исцрпени“ поради идејата за уште еден натпревар на Бајден и Трамп.

Други 29 отсто рекле дека идејата за реванш им предизвикува чувство на „страв“.

Анкетите покажуваат дека јасно мнозинство Американци се противат на немирите во Капитол, но Бајден се` уште се соочува со тешка политичка битка, велат аналитичарите.

„Тој останува фигура која предизвикува поделби. Неговата популарност е под 50 проценти по повлекувањето од Авганистан, и тој не беше особено популарен претседател во некои поопшти термини“, вели Томас Шварц од Универзитетот Вандербилт.

Рекламата за кампањата на Бајден ја спомнува дебатата за пристапот до абортус по одлуката на Врховниот суд минатата година да ја укине одлуката за уставно право на абортус.

Потпретседателката Камала Харис ја илустрира поддршката на администрацијата за пристапот до абортус.

Рекламата не се однесува на возраста на Бајден, но тој се соочува со критики дека, на 80 години, тој е премногу стар за да ја извршува она што многумина го сметаат за најстресната работа во светот.

Американските гласачи на крајот ќе одлучат на гласачките места во ноември 2024 година.

XS
SM
MD
LG