Линкови за пристапност

Трамп ја објави кандидатурата за изборите 2024-та


„Со цел да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Соединетите држави“, изјави поранешниот претседател.
„Со цел да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Соединетите држави“, изјави поранешниот претседател.

Поранешниот претседател Доналд Трамп синоќа ја објави својата одлука да се кандидира за претседател во 2024 година, по конгресните избори кои не донесоа резултати за неговата Републиканска партија, како што се очекуваше.

Но, Трамп, вели дека има големи планови за евентуалната негова втора администрација.

„Со цел да ја направам Америка повторно голема и славна, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Соединетите држави“, изјави поранешниот претседател.

Во говорот кој траеше речиси еден час во вторникот, Трамп ги критикуваше своите претходници; неговите критичари; федералните, државните, локални власти кои спроведуваат истраги против него. Беше критичен и кон медиумите.

Го повтори својот повик за построго полициско работење, опсежни изборни реформи за да се елиминира предвременото гласање и да се бара побрзо броење на гласовите, построги мерки за имиграција, социјално поконзервативни закони и поголеми воени трошоци.

Тој, исто така, вети дека доколку биде избран, ќе се вее американско знаме на Марс, како што рече, „многу наскоро“.

Аналитичарите велат дека тој може да се соочи со ѕвездата во подем во Републиканската партија, новоизбраниот гувернер на Флорида Рон Де Сантис. Двајцата, имаат слични конзервативни политики за почитување на законот и редот, имиграцијата и владините трошоци.

XS
SM
MD
LG