Американскиот претседател Џо Бајден официјално ја започна својата изборна кампања и бара втор мандат. Тој преку видео порака апелира до гласачите да му дадат повеќе време за да ја „заврши работата“ што неговата администрација ја почна пред две години.
Официјалните кандидати од двете главни политички партии во САД, демократите и републиканците, нема да бидат одбрани повеќе од една година, туку само на неколку месеци пред изборите во ноември 2024 година.
Бајден го победи републиканскиот претседател Доналд Трамп на изборите во 2020 година.
Трамп не го прифати изборниот резултат и обвини за изборна измама. Приврзаници на Трамп во јануари 2021 година упаднаа во Капитол Хил, додека Конгресот се состана за да ги потврди изборите резултати, а токму сцените од овој упад се употребени во кампањата што ја започна Бајден.
„Секоја генерација Американци се соочи со момент кога треба да ја брани демократијата“, рече Бајден. „Застанете во одбрана на нашите лични слободи. Застанете во одбрана на правото на глас и нашите граѓански права“.
Тој вели дека републиканците работат на ограничување на правото до пристап за абортуси, намалување на социјалното осигурување, ограничување на гласачките права и „им кажуваат на луѓето кој можат да сакаат.“
Бајден, беше највозрасниот претседател за време на неговата инаугурација. Тој ја минимизираше загриженоста за неговата возраст уште пред една претседателска кампања. Тој би имал 82 години доколку добие втор мандат за претседател на САД.
Некои од информациите во овој извештај се од АП