Линкови за пристапност

Ќе спречам трета светска војна ако станам претседател, рече Трамп


Јас сум единствениот кандидат кој може да го даде ова ветување, рече поранешниот претседател на конзервативната конференција викендов
Јас сум единствениот кандидат кој може да го даде ова ветување, рече поранешниот претседател на конзервативната конференција викендов

Два конкурентни, истакнати настани покажаа поделба на американските конзервативци пред претседателските избори следната година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп ја затвори годишната Конференција за политичко дејствување на конзервативците во близина на Вашингтон, која со години беше задолжителен настан за десното крило на Републиканската партија. Но, многу партиски лојалисти, вклучително и големи соработници на кампањата, наместо тоа, присуствуваа на ривалски собир во Флорида.

„Во 2016 година изјавив: Јас сум вашиот глас. Денес додавам: Јас сум вашиот воин. Јас сум вашата правда. И за оние на кои им е повредена и изневерена: Јас сум ваша одмазда“, им рече Трамп на присутните на настанот.

На неофицијалната анкета на настанот за претседталеските избори следната година, Трамп го победи вицешампионот Рон ДеСантис, гувернер на јужната американска држава Флорида, со 62 проценти наспроти 20 отсто. Тоа беше петти последователен пат Трамп да победи на анкетата на конзеравтивната конференција.

Трамп, чиј говор траеше час и 42 минути, повторно ги спомна познатите поплаки емитувани на неговите предизборни митинзи и го повтори лажното тврдење дека победил на претседателските избори во 2020 година.

Тој не спомна ниту еден друг деклариран или очекуван републикански претседателски кандидат, и го критикуваше претседателот Џо Бјаден.

„Џо Бајден не` води во заборав“, рече Трамп, додавајќи: „Ќе имаме Трета светска војна ако нешто не се случи брзо“.

„Јас сум единствениот кандидат кој може да го даде ова ветување“, рече тој. „Ќе спречам Трета светска војна“.

Трамп, исто така, вети, доколку биде избран повторно, дека ќе ја реши руската војна со Украина пред да се врати во Овалната соба.

XS
SM
MD
LG