Розарио Ландор е еден од 22 набљудувачи на ајкули кои работат на некои од најпопуларните плажи во Кејп Таун како што се Мјуизенберг и Фиш Хук.
Други 14 набљудувачи работат на северот – во заливот Плетенберг, каде што програмата почна по два фатални напади на ајкула во 2022 година - последните смртни случаи поврзани со ајкула, забележани во Јужна Африка.
Се набљудува од колиби лоцирани на планината.
„Кога ќе видам ајкула, алармирам преку имам мал мобилен телефон. Тогаш, се вклучувасирена на плажата. Па набљудувачот лоциран на плажата го информирам каде е ајкулата.Потоа тој поставува соодветно знаме“, вели Ландор.
Боите на знамињата имаат различни значења: Зеленото знаме значи дека условите за набљудување се добри. Црното значи дека условите за набљудување се лоши, но ајкули не се забележани. Црвеното значи дека ајкули се забележани, но далеку од пливачите и не претставуваат опасност за плажата, но водите не се безбедни.
Бело со црн знак на ајкула значи дека има ајкула во близина на плажата и капачите треба да излезат од водата.
Според веб-страницата „Shark Spotters“, имало само 28 напади на ајкули долж полуостровот Кејп Таун од 1960 година. Седум од нив биле фатални. Но, во последните 10 години, нема пријавени напади на плажите на Кејп Таун.
Facebook Forum