Линкови за пристапност

Музичките касети се враќаат во САД


Музичките касети се враќаат во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Музичките касети се враќаат во САД, со повеќе од 430.000 продадени во 2023 година - околу пет пати повеќе од продадениот број пред само една деценија. Касетите се особено популарни кај помладите генерации кои пораснале со дигитална музика. Сторија на Карина Бафраџијан. .

Нил Бектон е сопственик на оваа продавница за плочи во Вашингтон речиси две децении. Но, клиентите не купуваат само винилни плочи овие денови. Бектон вели дека пред неколку години морал да посвети посебен дел на аудиокасетите.

„Касетите почнаа да се собираат во последните две години. Порано продавав по една месечно, а сега ги продавам речиси секој ден!”, вели Бектон.

Овој тренд се протега надвор од неговата продавница. Истражувањето на компанијата за податоци и аналитика Луминејт покажува дека во 2023 година во САД биле продадени повеќе од 430.000 аудио касети - тоа е пет пати повеќе отколку во 2014 година.

Но, каква е предноста на аналогната музика кога дигиталниот пренос е толку лесен? Анис, еден од купувачите кој не сакаше да се користи неговото презиме, вели дека слушањето музика во форма на албум или касета за него е подобро искуство.

„Некако ја уништуваа музиката што ми се допаѓа, во смисла на избор и на она што ми се допаѓа во конкретен албум. Тоа што најмногу ми се допаѓа кај винил плочата е што можам да уживам во целата работа!”, вели Анис.

Бектон вели дека касетите се особено популарни кај клиентите на генерацијата З, луѓе родени во доцните 1990-ти и потоа, кои ловат одредени ленти на интернет и во физички продавници.

„Тоа се главно помладите луѓе во моментов. Некои постари луѓе кои сè уште имаат касети и касетофон - го гледам тоа малку, но главно се деца!“, додава Бектон.

Сè уште е можно да се најдат касетофони од 1990-тите на платформи како иБеј. Дополнително, Јутјуб нуди упатства кои ги прикажуваат старите трикови на помладата генерација како брзо премотување на касета само со молив или репродукција на диџеј-сет со касети.

Музичарот Бартоломеј Џојс поседува неколку стотици аудиокасети и на нив ја снима својата музика.

„Луѓето се само љубопитни за тоа. Тоа е медиум со кој ако пораснавте во последните 20 години, нема да се сретнете. Значи, има нешто во врска со тоа што е винтиџ што е возбудливо”, вели Џојс.

Дуа Липа, Тејлор Свифт и Аријана Гранде се меѓу оние кои одговорија на барањето... сите тие имаат издадено албуми на аудио касета.

Британската пејачка Мери Спендер вели дека касетите се само логично продолжение на винилскиот тренд од последната деценија.

„Тоа е нешто што можев да им по нудам на моите фанови што беше физичко, нешто за држење, собирање, прикажување – како и слушање“, вели Спендер.

Според магазинот Билборд, најпродавана касета во САД во 2023 година била саундтракот „Чувари на галаксијата“, а по неа Тејлор Свифт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG