Линкови за пристапност

Музејот во Њујорк отвори изложба со дела направени од слатки од ѓумбир


Музејот во Њујорк отвори изложба со дела направени од слатки од ѓумбир
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Музејот на градот Њујорк отвори изложба со дела направени од слатки од ѓумбир. Изработката на украсни куќички од ѓумбир е божиќна традиција во неколку земји. Но, Mузејот во Њујорк отиде чекор подалеку. Известува Арон Ранен.

Оваа празнична сезона, влезете во Музејот на градот Њујорк и уживајте во прекрасната арома. Внатре ќе најдете верзии на леб од ѓумбир за препознатливите икони од Њујорк, кои се натпреваруваат за главната награда во дизајнот и конструкцијата во она што е наречено „The Great Borough, Bake-off“.

„Влегов и само го почувствував мирисот на ѓумбир. Беше навистина убаво“, вели Мајкл Грем, посетител во музејот.

„Мириса навистина добро. Мириса, божествено“, додава Оливиа Идера, посетителка.

Според правилата за печење, секој дизајн мора да може да се јаде, и да биде направен од најмалку 80% леб од ѓумбир.

„Имаме познати икони од Њујорк кои посетителите веднаш ќе ги препознаат, вклучително и Кулата на слободата и Обелискот од Долниот дел на Менхетен. Имаме Емпајер Стејт Билдинг со Кинг Конг и Спајдермен кои ползат на страна. Овогодинешниот победник беше - Wonder Wheel од Кони Ајленд“, објаснува Џери Галагер од Музејот на Њујорк.

На изложбата има и зоолошка градина од леб од ѓумбир во Бронкс, како и сложен проект на станицата Форест Хилс во Квинс. Но, не сите дела се фокусираат на архитектурата.

Пекарката на леб од ѓумбур, Џевел Џонсон, црпела инспирација од една од најпознатите њујоршки јадења - пицата.

„Користев црвена глазура за да го направам сосот и обична бела смеса за да го направам сирењето. Употребив, на пример, ренде за сирење, за да направам парчиња моцарела, а потоа имав и факел за да го запалам и да се стопи смесата“, објаснува Џонсон.

Посетителите велат дека креациите од ѓумбир доловуваат празничен начин на размислување.

„Мислам дека е одлично, особено за овој период од годината, бидејќи внесува чувство на празнична атмосфера“, смета Бренди Реса, посетителка.

Изложбата е отворена до 12 јануари, нудејќи им на посетителите шанса да ја искусат магијата - и слаткиот вкус - на Големото јаболко.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG