Линкови за пристапност

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, лидерите со честитки


Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, лидерите со честитки
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Верниците од исламска вероисповест во државата, но и во целиот свет, денес го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување

Овој празник муслиманите го слават по завршување на постите кои траеја цел месец, а во кој тие постеа од изгрејсонце до зајдисонце. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар, а воедно се смета за месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите – Куранот.

Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Празникот прво им се честита на најстарите, а потоа и на останатите. Рамазан Бајрам се слави три дена.

На овој ден муслиманите им помагаат на сиромашните, на децата без родители и на осамените.

Честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи.

„Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Но, да не заборавиме: во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба: сиромашните, бездомниците, сирачињата, но и нашите исламски институции“, стои во честитката на Фетаи.

Честитки за празникот упатија и претставниците на државниот врв и лидерите на политичките партии со пораки за почит и меѓусебно разбирање но и со истакнување на посебноста на Северна Македонија во регионот токму поради нејзиниот мултиетнички и мултиверски карактер

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG